Почетна / Активен живот / ДЕНЕС ПОЧНУВА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ

ДЕНЕС ПОЧНУВА ВЕЛИГДЕНСКИОТ ПОСТ

По вчерашна Прочка, денес за православните верници  почнува големиот Велигденски пост, кој ќе трае се до Велигден, кој годинава се прославува на 12 април.

Постот во христијанството не преставува само откажување од мрсната храна, туку има и духовна димензија.

Датумот на почетокот на постите зависи од датумот на празнувањето на најголемиот христијански празник Велигден, кој православните верници го слават секогаш во недела на полната месечина по пролетната рамноденица.

Првиот ден на постите се нарекува Чист понеделник, кој доаѓа по Белата недела, последен месец од Месната недела, кој е врв на славите пред постот и во која треба да влезе достоинствено и со помалку гревови.

Првата недела на постот се нарекува Чиста, а последната е Недела на православието.

Според православното учење, Големиот пост не учи на покајание, простување и вистинска молитва, а целта е во мир и тишина да се дочека најголемиот христијански празник Велигден, бидејќи вербата во Велигден е основата на христијанството. Големиот пост, кој своето име го добил според Чесниот крст на кој настрадал Исус Христос, е востановен по примерот на Спасителот, кој по крштевањето на реката Јордан, заминал во пустината и постел 40 денови и ноќи, по што излегол како победник од искушението.

Постот не е гладување, ниту запоставување на трпезата, на која во деновите од постот нема храна од животинско потекло, туку пред се’ морален и етички чин и израз на вистината на љубовта кон Бога и Синот Божји, кој со своето страдање и вербата во животот ги воспоставил вредностите на христијанството.

Постот во христијанството не преставува само одрекување од мрсна храна, туку има духовна димензија- воздржување од нечисти мисли, зборови и дела, повеќе молитви, покажување на милосрдност и правење на добри дела.

Постот претставува и издигнување на духот над телото, победа на духовната страна над сетилата и за христијаните претставува подготовка за одбележување и прослава на празникот.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...