Почетна / Активен живот / ДЕНЕС ПОЧНУВА ШЕСТОНЕДЕЛЕН БОЖИЌЕН ПОСТ!!!

ДЕНЕС ПОЧНУВА ШЕСТОНЕДЕЛЕН БОЖИЌЕН ПОСТ!!!

За православните верници денес ( 28 ноември ) почнува шестонеделен Божиќен пост, кој му претходи на најрадосниот христијански празник Рожденство Христово – Божиќ.

Верниците од утре до 6 јануари идната година треба да се воздржуваат од лоши мисли и храна.

Постот се содржи од воздржување од мрсна храна, лоши мисли, страстни желби и лоши дела, како и во поминувањето во молитви, правење добри дела и ревносно поддржување кон христијанските начела, бидејќи  постот е телесен и духовен подвиг. Постот се заснова на примерот на самиот Исус Христос, кој на леб и вода поминал 40 дена пред да се соочи со Сатаната.

Во текот на овој пост употребата на масло е дозволено во сите денови, освен среда и во петок, кога се јаде храна подготвена на вода. Риба и вино може да се консумираат секоја сабота и недела, како и на празниците Воведение на Пресвета Богородица на 4 декември, свети Никола на 19 декември и на празникот на свети Игнатиј Богоносец на 2 јануари, и ако празникот се падне во среда или во петок. Последната седмица пред Божиќ построго се пости, без употреба на риба и масло за јадење, со храна подготвена само на вода.

Црквата четири пати одредила повеќе дневни постови – Божикен, Велигденски пост пред Воскресението Христово, Петровденски пост посветен на апостолите Петар и Павле на 12 и 13 јули  и Богородичен пост пред празникот Успението на Пресвета Богородица на 28 август.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...