Почетна / Активен живот / ДЕНЕС Е ВАСИЛИЦА – СТАРА НОВА ГОДИНА !!!! ЗА МНОГУ ГОДИНИ !!!

ДЕНЕС Е ВАСИЛИЦА – СТАРА НОВА ГОДИНА !!!! ЗА МНОГУ ГОДИНИ !!!

ДЕНЕС Е ВАСИЛИЦА – СТАРА НОВА ГОДИНА !!!! ЗА МНОГУ ГОДИНИ !!!

На 14 јануари според новиот (односно 1 јануари според стариот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.

Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Об­резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Направил многу добри дела по кои црквата сеуште го споменува и секоја година на овој ден го празнува споменот на неговото име. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божиќ до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата Божја. Се верува дека овие денови за човекот се опасни бидејќи тогаш мртвите се во движење, разни вампири, караконџули, вештерки, самовили и други нечисти сили се активни и на сите начини сакаат да му напакостат.

За заштита од овие негативни демони човекот во овој период  изведува  разни магиски заштитни дејствија. Учесниците во овие магиски игри во Македонија се познати под различни имиња: во Охридско-василичари, во Битолско-бабари, во Скопско-џамалари, во Тиквешијата-џаламари, во Разлошко-сурваскаре, во Костурско и други места во Егејска Македонија ешкари. Очигледно е дека обичаите и верувањата поврзани со празникот Василица потекнуваат од претхристијанско време и дека нивна цел е да ги отстранат лошите демони но и да обезбедат среќа и напредок на поединецот како и на пошироката заедница.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...