Почетна / Активен живот / ДЕНЕС Е СВЕТИ НИКОЛА – ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ !!!

ДЕНЕС Е СВЕТИ НИКОЛА – ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ !!!

Денеска бројни семејства во Македонија го празнуваат големиот празник Свети Никола.

Со посна трпеза, пријатно расположение и добро друштво стари и млади уживаат во заедничките мигови, кои се почеток на сите православни големи верски празници кои континуирано следуваат во христијанската вера.

Кој бил Свети Никола?

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Свети Никола починал 6. декември 345.година ( 19. декември по званичниот грегоријански календар ), па во тој ден сите христијани даваат помен на светителот. .
Свети Никола, се смета во христијанскиот свет како симбол на победникот на доброто над злото, кој како проповедник на православското христијанство во првите векови имал најголем број на следбеници.
Овој славен светител духовниот живот го започнал во манастирот Нови Сион, кај неговиот чичко, свети Николај епископот патарски, а после смртта на неговите родители почнал да ја проширува верата, правдата и милосрдието.
Набргу станал архиепископ мирликијски па во времето на прогонот на христијаните, за време на владеењето на царевите Диоклецијан и Максимилијан, го затвориле во темница, но и тамо продолжил со своите проповеди.
Свети Никола е историска личност, а историјата на христијанската црква го памети како учесник на Првиот васељенски собир кој 325. година бил повикан од царот Константин (280 – 337 ) сакајќи да воведе ред во христијанската црква која ја озваничил со Миланскиот едикт 313. година.
На тој први собир каде што се решавале прашањата на христијанските догми и симболи на верата учествувале најугледните претставници од христијанските цркви помеѓу кој и архиепископот Николај како поглавар на Ликијската митрополија.

Светите оци на тој собир го востановиле Светото тројство како симбол на христијанската вера, а светителот Николај се прославил со неговата острина во утврдувањето на православната догма.
Заштитник и светец

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитникот на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во грчкиот фолклор, Свети Никола се опишува како „Господар на морето“. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.
Во христијанскиот календар, свети Никола се слави на 6 декември според новиот календар и на 19 според стариот

 

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...