Почетна / Активен живот / Денес е Ѓурѓовден – највеселиот балкански празник

Денес е Ѓурѓовден – највеселиот балкански празник

Денес се празнува Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар.

Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Овој славен светител се родил во куќа на богати и чесни родители во Кападокија.

Кога таткото му страдал како христијанин, тој и неговата мајка се преселуваат во Палестина, каде тој расте и веќе во дваесеттата година стигнува до чинот на трибун во службата на царот Диоклецијан.

Во тоа време царот започнал големо прогонство на христијаните, но младиот Ѓоргије излегува пред царот и одважно изјавува дека и тој е христијанин.

Тогаш почнува неговото страдање за верата. Темница, синџири, крвавите рани по целото тело и сите други страшни мачења не го поколебаа Ѓорѓија.

Тој постојано и искрено се молел на Господ и Господ го исцелувал и спасувал од смртта на големото воодушевување на народот.

Кога Ѓорѓија со помош на молитва го воскреснал еден мртовец, многу луѓе ја прифатија христијанската вера, а меѓу нив беше и царевата жена Александра, главниот жрец Атанасије, земјоделецот Гликерије, потоа Валерије, Донат и Терина. Царот најпосле одлучил да Ѓорѓија и неговата жена ги осуди на смрт со сечење на глава.

Царицата умира пред да се изврши казната, а Свети Ѓорѓие е посечен 303. година.

Многу чуда се случувале од тогаш на неговиот гроб

Господ, поради неговата искрена вера, го направи моќен да им помага на сите кои се во неволја и кои го искрено слават и го признаваат неговото име. Денес е Ѓурѓовден, еден од најмногу прославуван верски празник. Украсување на портите со цветен венец е традиција за празникот Ѓурѓовден.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...