Почетна / Активен живот / ДЕНЕС Е БАДНИК, УТРЕ Е БОЖИК!

ДЕНЕС Е БАДНИК, УТРЕ Е БОЖИК!

Македонскиот народ со големо внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник, денот пред Божик.

Со традиционалните песни за Коледе најмладите веќе утрово почнаа да го најавуваат денот пред големиот Христијански празник – Православен Божиќ.

По обичај во најголем дел од местата ширум земјава вечерва со најблиските соседи се играше околу топлото огниште ( кое симболично го осветлува патот кон Христовото раѓање), а веќе денеска е традиционалната вечера со фамилијата.

Бадник или Коледе, според христијанската традиција, се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос-Божик. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари, а Божиќ на 7 јануари секоја година.
Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Традиционално, Бадник се прославува кај сите православни христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември (Католиците, протестантите и други).

Поради верувањата дека Бадник е обичај на Денот на сонцето, кој подоцна го превземала Христијанската црква има објаснување. Имено, Свети Августин рекол: „Ние го празнуваме овој ден, не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Нека Ви е честит денот! За многу години!

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...