Почетна / Активен живот / ДЕН НА ВИНОТО И ЉУБОВТА

ДЕН НА ВИНОТО И ЉУБОВТА

Денес кај нас се слави Свети Трифун, заштитникот на лозарите, а речиси низ цел свет се празнува и Денот на вљубените.

Ден на винарите или Денот на вљубените? Тешко е да се одлучи, но лесно е да се каже: 14 февруари е денот на среќата, убавината и емоцијата материјализирани преку цвеќе, вино и искажувањето на љубов. Дури и двата светци Трифун и Валентин се грижат овој датум да не се заборави и да се прослави радосно и среќно во целиот свет !

Свети Трифун живеел во 3 век од новата ера во Мала Азија. Легендата вели дека имал дарба за лекување и дека со неа успеал од „лошиот дух“ да ја излечи ќерката на римскиот цар Гордиј. Богати царски дарови им биле разделени на сиромашните. Во време на големиот прогон одбиел да се одрекне од Исус, поради што е убиен во 250-та година на денешен ден.

Некаде во тоа време живеел и Свети Валентин. Тогашниот цар Клаудиј Втори издал наредба според која војниците не смееле да се женат, бидејќи сметал дека во тој случај не би биле подготвени да се борат во војната и би останувале со своите семејства.

Сите свештеници освен еден – Валентин, ја почитувале одлуката. Тој тајно ги венчавал младите парови, се додека не го откриле и го ставиле во темница. На 14 февруари Валентин е погубен, а кратко време после тоа народот го прогласил за светец. Свети Валентин станал заштитник на вљубените во 14 век, најпрво во Англија и Франција.

Свети Трифун го празнуваат многубројни еснафи и винари а на литургиите во црквите се спомнуваат и страдањата на светителот. Постои верување дека ако на Свети Трифун паѓа дожд или врне снег, годината ќе биде врнежлива и плодна, а ако биде ведро тогаш ќе биде сува и непродуктивна.

И, што да славиме денеска? Имаме совет за вас…

Прегрнете ја саканата личност…Отворете шише добро вино…И, уживајте во животот!

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...