Почетна / Совети за здравје / Дали знаевте дека караниците го скратуваат животот?

Дали знаевте дека караниците го скратуваат животот?

Данските научници ги објавиле резултатите од истражувањата во кои се наведува дека честите караници со членовите на семејството, пријателите или со партнерот можат да го скратат животот.

Научниците од факултетот во Копенхаген наведуваат дека при интерпретацијата на нивните истражувања во предвид треба да се земат особините на поединецот и неговата способноста за соочување со стресот.

Помалку кавги – повеќе живот   

Според податоците собрани од 9.875 жени и мажи во старост од 36 до 52 години, честите караници беа поврзани со 2 до 3 пати поголем ризик за смрт. Стручњаците додаваат дека резултатите укажуваат на тоа дека последиците од константните караници се најзабележителни кај мажите и невработените личности.

Поранешните истражувања на американските научници од универзитетот во Питсбург сугерираат дека караниците кај жените се поврзани со долгорочниот зголемен крвен притисок. Стручњаците од списанието ” Health Psychology ” наведуваат дека врската на караницата и зголемениот крвен притисок како последица на нервирање не е воочена кај мажите.

 

 

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...