Почетна / Здравје и исхрана / Дали знаете што треба да јадете за утринскиот појадок?

Дали знаете што треба да јадете за утринскиот појадок?

Иако строго се придржувате до храната која за утрински појадок ги препорачуваат нутриционистите лошо се чувствувате? Пронајдете го виновникот!

Се чувствувате подуено – не јадете ги млечните производи

Кога ги јадете млечните производи, Ви се лоши и стомакот Ви е надуен? Можеби не ја поднесувате лактозата. Најверојатно дека тие тегоби се поврзани со начинот на преработката на кравјото млеко каде што се уништуваат мастите кои го олеснуваат варењето. Избегнувајте ги производите од соја, кои понекогаш се тешко сварливи и не содржат калциум.

Уморни сте – јадете овошје

Во случај на недостиг на витаминот Ц, апетитот и концентрацијата опаѓаат и се чувствувате уморно. Тоа е сосема разбирливо бидејќи тој оксидант ни помага да се раздвижиме, го зајакнува имунолошкиот систем и ја поттикнува асимилацијата на железото. Затоа за утрински појадок треба да се јаде овошје. Но доколку Вие под тоа ја подразбирате јаболкото или банана нема да го решите проблемот, бидејќи нема да внесете доволно количество на витамин Ц.

Веќе од утре воведете во менито некое овошје кои е вистински рудник на витамин Ц: киви, јужно и егзотично овошје.

Доколку повеќе сакате да пиете овошен сок, проверете на амбалажата дали е збогатен со овие антиоксиданси.

Под стрес сте – јадете житарки

Стресот е поврзан со недостигот на магнезиумот и витамините од Б групата, кои го регулираат срцевиот ритам, мускулниот тонус и функционирањето на нервниот систем. Ако ги јадете само преработените житарки (бел леб, кекси од белото брашно …) ќе се соочите со недостигот од овие здрави супстанци. Веќе од утре почнете да ги јадете производите од интегрални житарки во комбинација со сувото овошје, бадеми, лешници …

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...