Почетна / Совети за здравје / Дали знаете што е вода од хлорофил?

Дали знаете што е вода од хлорофил?

Чаша од ова напивка може да се чини како обична зелена вода, но водата од хлорофилот е нов чудотворен пијалак затоа што според зборовите на научниците има многу предности за здравјето.

Хлорофилот е темно зелен пигмент кој се наоѓа во билките и алгите, давајќи им препознатлива зелена боја. Тој исто така е важен за процесот на фотосинтеза, во текот на кој билките ја претвораат сончевата светлина во енергија која може да се користи.

Хлорофилот има слична молекуларна структура како и хемоглобинот – супстанцата која ја прави крвта да биде црвена и која е одговорна за пренос на кислородот во телото.  

Заговорниците тврдат дека консумираниот хлорофил разреден во вода, во организмот може да го подобри преносот на кислородот и како резултат на тоа да Ви даде повеќе енергија и да се подобри општата здравствена состојба.

Научниците исто така потврдуваат дека хлорофилот е силен антиоксиданс кои може да Ве заштити од карцином, има антисептично и против воспалително делување, помага при регулирање на пробавата и дава одличен извор на магнезиум, витамин К, витамин Ц, фолна киселина, железо, калциум и протеини.

Освен тоа, хлорофилот помага при одржување на здрав пробавен тракт, а се смета како одличен во лекувањето на лошиот здив.

 

Хлорофилот се наоѓа во изобилство во зелен и лиснат зеленчук, па затоа такви намирници би требало да вклучите во исхраната.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...