Почетна / Здравје и исхрана / Дали знаете дека звукот во авионот може да го промени вкусот на храната

Дали знаете дека звукот во авионот може да го промени вкусот на храната

 

Истражувачите на америчкиот Универзитет Корнел приметиле дека звукот во авионот односно буката која се ствара во текот на возењето може да влијае на вкусот на храната која се служи.

Steward Handing Passenger Salad Plate
Steward Handing Passenger Salad Plate

Направеното истражување допринесе  за разбирање на  т.н. мултисензорна  перцепција која  покажа дека звукот стимулира, односно игра важна улога во перцепцијата или доживувањето на вкусот.

Контретно забележано е дека звуците на патничкиот авион кои често преминуваат над 85 децибели, влијае на намалувањето на  чувството за слатко и на зголемување на чувствителноста на т.н. ,, петти вкус’’ кои многумина го опишуваат како полн, целосен, месест вкус.

Ова сознание може да помогне во прилагодувањето на храната која се служи во авионите,  според вкусовите на патниците, бидејќи храната во авионите е најчесто  критикувана од страна на патниците, изјавуваат стручњаци.

Некои компании веќе го имаат во предвид овој факт, така што на пример, германската авиокомпанија забележала дека меѓу патниците сокот од домати е еднакво популарен како пивото. Меѓутоа истражувањето дава дополнително објаснување, а тоа е дека општо е познато дека сокот од домати содржи аминокиселински глутамат кој влијае на ,,петтиот вкус’’  и им дава пријатен вкус  односно повеќе го истакнува вкус на сокот од домати, па затоа сокот од домати станал многу популарен помеѓу патниците.

Извор: Танјуг

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...