Почетна / Совети за здравје / Дали сте пасивно-агресивни?

Дали сте пасивно-агресивни?

Во време на чести, некогаш и секојдневни протести и изразувања на незадоволство со блокирани крстосници и сообраќајници, кога групи на луѓе „ненасилно“ го закочуваат протокот на возила, се прашувам дали општествено стануваме се повеќе псивно агресивни.
Пишува Марија Стефанова, психолог, психотерапевт во психолошкото советувалиште Петар Пан од Скопје…

marija

Во време на чести, некогаш и секојдневни протести и изразувања на незадоволство со блокирани крстосници и сообраќајници, кога групи на луѓе „ненасилно“ го закочуваат протокот на возила, се прашувам дали општествено стануваме се повеќе псивно – агресивни?

Во такви ситуации, овие луѓе своето незадоволство избираат да го покажат така што ќе оневозможат или блокираат нешто, за да некој друг ги чуе, види. Нивното очекување е дека на тој начин ќе предизвикаат некаква реакција.

Која е соодетната реакција на ваквото однесување?

Вообичаено, власта не превзема ништо за да ги деблокира патиштата на пр., не применува сила бидејќи во очите на другите ќе биде перцепирана како насилна. Но, не превзема и ништо друго. Групата на луѓе пак, има впечаток дека нешто направила како друга страна на конфликтот и ја повикала власта да превземе нешто. Но, начинот на кој тоа е изведено, само по себе предизвикува агресија, бидејќи во суштина се работи за агресија и тоа пасивна агресија. Во секојдневниот живот, кога ќе настане конфликт, луѓето својата реакција ја изразуваат отворено и директно или пак ја прикриваат и не ја изразуваат или ја изразуваат индиректно. Кога некој во конфликтот реагира отворено, тогаш јасно се претставува како да завзема страна во конфликтот. Кога не се реагира отворено, тогаш другата страна нема јасен сигнал дека настанал конфликт или не се чувствува повикано соодветно да одговори на истиот. Кога некој своето несогласување го изразува прикриено, индиректно или пасивно, тогаш велиме дека тој се однесува пасивно-агресивно.

Постојат низа причини зошто луѓето не го покажуваат своето незадоволство. Некој работник кој е незадоволен од односот на својот претпоставен, нема отворено да ја покаже својата лутина и незадоволство од страв дека ако се пожали, т.е покаже ќе биде казнет. Токму поради тоа, тој ќе ја саботира работата или апаратите со кои работи на „ненасилен“ начин.

Препознавањето на знаците на пасивната агресија и соодветно вербализирање на истите преку асертивност, може да придонесе за освестување и решавање на конфликтот.

Марија Стефанова
Психолог, психотерапевт
Психолошко советувалиште и консултативно
едукативен центар Петар Пан, Скопје
075 426 946
www.petarpan.mk

*****Текстот е авторски, објавен
e и превземен од сајтот на preventus.mk 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...