Почетна / Совети за здравје / Дали Spirulina е безбедна за деца?

Дали Spirulina е безбедна за деца?

Да, Spirulina, како вид на растителен извор на храна е апсолутно безбедна за консумација од страна на децата. Како извор на храна, Спирулината претставува комплетен извор на протеини.
Кога изворот е проверен и безбеден тогаш таа може да биде фантастичен суплемент за возрасни и деца.
Клучот за обезбедување на безбедна Спирулина е информираност околу изворот, безбедноста и репутацијата на изворот како и информации за дозата која треба да им ја давате на децата.

Безбедни извори на Spirulina
Негативното внимание поврано со неколку производители не смее да се поврзува со сите извори на Спирулина. Спирулина како и други форми на сино-зелена алга може да бидат контаминирани со одредени супстанции како каротеноиди од водата каде е одгледана. Ова е многу битна информација која е потребно да ја знаете кога купувате Спирулина за себе или за своите деца, затоа што најбитно е да се купува од проверен , доверлив извор со добри препораки и репутација. Еден од тие извори е оној на Nutrex Hawaii.
Оваа компанија ги користи исклучиво најбезбедните и етички методи на одгледување на оваа алга.

Потребни количини на Spirulina во исхраната на детето
Децата се доста помали од возрасните, па поради ова количината на Spirulina препорачлива за вашето дете зависи од неговата возраст и тежина.Со оглед на тоа што станува збор за храна , можеме да констатираме дека станува збор за храна безбедна за консумација од страна на децата.

Богатство на здравствени бенефиции со Spirulina Pacifica
Spirulina Pacifika нуди бројни здравствени бенефиции, пред се затоа што станува збор за растителен но сепак комплетен извор на протеини што придобива големо внимание. Таа содржи извор на витамини од групата на B комплекс, бета каротен а има и бројни есенцијални минерали во својот состав исто така. Доста е важно да се истакне тоа што не само што е добра да се консумира како извор на витамини, минерали и протеини, таа помага во подобрувањето на имуниот систем правејќи го отпорен на болести.

Причина + зошто Spirulina Pacifica е идеалниот избор за вашето здравје

Не само што е одличен извор на протеини и многу други есенцијални нутритивни компоненти кои влегуваат во незиниот состав, таа исто се грижи и за екологијата и околината. Кога се бере, пакува и се дистрибуира, тоа се прави на етички начин без притоа да биде создаден негативен импакт врз кревкиот екосистем.

За разлика од изворите на протеини од животинско потекло, при производството на Spirulina Pacifica не се произведуваат штетни green-house гасови, не се загадува изворот на вода.

Многу е важно децата да се хранат здраво од многу рана возраст, градејќи здрави навики во исхраната затоа што богатата нутритивна исхрана е неопходна нивните тела да растат и да се развиваат, а воедно има големо влијание врз начинот на кој ќе се хранат во текот на својот живот градејќи соодветни навики во исхраната.

Извори:

http://umm.edu/health/medical/altmed/supplement/spirulina
http://www.nutrex-hawaii.com/faqs
http://www.webmd.com/food-recipes/20001211/pond-scum-makes-health-splash


Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...