Почетна / Совети за здравје / Дали се соочувате со хроничен стрес?

Дали се соочувате со хроничен стрес?

“Каков стрес!” – често кажуваме кога се чувствуваме вознемирени и загрижени околу многу проблеми. Покрај вообичаениот стрес, постои и хроничен стрес кој најчесто е во директна корелација со проблемите кои постојано се натрупуваат.  Хроничниот  стрес расте малку по малку и се акумулира без да биде забележан. “Денес не се чувствувам напнато како и вчера не треба да се грижам”. Најчесто хроничниот стрес е поврзан со проблеми кои личноста многу тешко може да ги реши како тешка животна ситуација, семејни проблеми, болест, стрес поврзан со работното место.

Во овие проблеми најчесто спаѓаат и внатрешните конфликти, во кои идентификувани се  добри и лоши страни на одреден проблем но од кои не може да се издвојат посакуваните решенија како на пример: “Не ми се допаѓа оваа работа, но потребни ми се пари ”, “Не чувствувам љубов спрема својот сопруг, но ќе го одржувам бракот поради доброто на децата” итн..

Многу често не сакаме да признаеме дека овие проблеми постојат што е уште една голема опасност. Доколку личноста не може од првиот пат да го реши проблемот таа може да се одлучи да се однесува како тој проблем да не постои преку  креирање механизам на одрекување. Иако навидум изгледа дека проблемите не постојат сепак станува збор за потиснат свесен проблем кој никаде нема да исчезне, проблем кој може да се трансформира во друг облик кој не е под контрола на нашата свест: низ непријатни психосоматски симптоми, во соновите, биоритамот итн.

Зборот стрес исто како и зборовите неуспех и среќа има различно значење за различни лица. Под овој поим исто често се подразбираат и : умор, болка, страв, неопходност за концентрација, па дури и неочекуван огромен успех кој доведува до промена на целокупниот начин на живот. Бизнисменот кој чувствува постојан притисок од страна на клиентите и своите вработени, спортист кој се стреми кон победа, студентот кој учи за да го положи својот последен испит на факултет, родители кои беспомошно гледаат како нивното дете се справува со болест, – сите тие чувствуваат некаков стрес. Нивните проблеми се комплетно различно, но организмот на човекот стереотипно реагира со исти биохемиски промени чија цел е да се избори со потребите кои се појавиле во човековиот систем.

Хроничниот стрес вообичаено настанува на два начини: како последица на нагла стресна ситуација, како и при непријатни ситуации кои на порв поглед изгледаат неважни но со себе повлекуваат низа на нагли стресни ситуации со бројни и долготрајни непријатни фактори. Кога чувствуваме стрес се појавува како пропратен синдром хроничниот замор кој има постојан карактер.

Која е разликата помеѓу обичниот и хроничниот замор?

Сите ние чувствуваме замор, било тоа да е по завршување на работното време, по долг пат, или пак по одредена физичка активност по која потребен ни е одмор. Основната разлика помеѓе хроничниот и обичниот замор е тоа што кај хроничниот замор не постои тенденција за негово комплетно исчезнување по долг одмор. Често годишните одмори се одличен начин за броба протис стресот и излез од секојдневиото. Кај лицата со хроничен стрес по долгиот одмор се појавува чувство дека е потполно здрав, но уште во текот на првите неколку дена при својот повраток во нормалните активности симптомите на неговата состојба се враќаат.

Хроничниот стрес предизвикува претерано раздразнет вегетативен систем кој делува на појава на физички симптоми. Првите симптоми на хроничен стрес се појава на главоболки и зголемена склоност кон појава на настинки.Хроничниот стрес може да предизвика најразлични физички симптоми во зависност од неговиот интензитет и тоа:
– депресија
– дијабетис
– опаѓање на коса
– срцеви заболувања
– хипертензија
– дебелина
– опсесивно компулсивно пореметување
– проблеми со либидото
– болест на непцата и забите
– чиреви на желудник

Скриени сигнали на вашиот стрес

  1. Главоболка за време на викенд или за време на одмор
  2. Бруксизам (стискање на забите)– луѓето често ги стискаат своите заби кога се наоѓаат под дејство на стес. Кога спиеме не пости можност за свесна контрола со што доаѓа до бруксизам.
  3. Кошмари– имаме тендеција да бидеме порасположени наутро после спиење отколку навечер пред спиење.Стресотможе да предизвика проблеми со динамиката на спиењето, да предизвикува будење, несоници па дури и кошмари кои се повторуваат.
  4. Крварење на непца– стресот гозголемува ризикот од појава на болести на непцата и забите. Високото ниво на кортизол го намалува имунитетот и овозможува размножување на бактериите во усната шуплина.
  5. Митесери
  6. Чешање на кожата: дерматитис, егзема, псоријаза
  7. Го засилува симптомите на алергиската реакција – хормоните на стресот го стимулираат производството на имуноглобулините од групата Е кои ги предизвикуваат појавите на алергиски реакции
  8. Болки во стомакот– вознемиреноста и стресот може да предизвикуваат болки во желудниокот, цревата.Како да се справите со стресот?

    За почеток дојдете до зачетокот на вашиот стрес, што е она што го предизвикува и трудете се да ги анулирате причините за негова појава. Истовремено при хроничен стрес оптимизирајте го распоредот на својот ден и користете но пред се барајте помош и поддршка од семејството и пријателите. Важно е да се посветите повеќе на себе, да работите физички активности и да вежбате, да медитирате, да се одмарате, да слушате релаксирачка музика или да имате прошетка во природа.

Доколку не можете да се ослободите од чувството на вознемиреност или пак забележувате кај себе симптоми на депресија, се чувствувате константно незадоволни, несреќни и разочарани со своето однесување или донесувањето на луѓето колу вас побарајте стручна помош или совет од психолог.

Не смеете да дозволите стресот да влијае штетно врз квалитетот на вашиот живот, вашите односи со луѓето околу вас, на вашето здравје, на вашите врски, на вашето работно место.
Заслужувате да бидете среќни !

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...