Почетна / Совети за здравје / Дали разликите кај децата на исти родители се појавуваат како дел од нивната природа или воспитување?

Дали разликите кај децата на исти родители се појавуваат како дел од нивната природа или воспитување?

Претпоставката дека истите родители може да воспитаат две деца на ист начин спаѓа во т.н педагошки митови. Многу е важен редоследот по кој детето  усвојува одредени знаења, а невозможно е да се повтори истиот редослед на овие пораки.

Родителите често претпоставуваат дека ги воспитувале своите деца на ист начин, и затоа често се прашуваат зошто постојат разлики помеѓу постарото и помладото дете. Сметајќи дека едното и другото дете добиле исто воспитување, родителите претпоставуваат дека разликите се појавиле поради некои фактори на кои ти не можеле да влијаат како природата на детето, генетските склоности, темпераментот, физичката сличност со некој од членовите на семејството и слично. Овие разлики се доживуваат како нешто што е непроменливо, па затоа родителите често се помируваат со тоа што нивното дете се однесува на начинот на кој се однесува и ја прифаќаат пасивната и немоќната позиција.

Природа или воспитување?
Што кога разликите се резултат на нешто што кај воспитувањето е променливо?
Во тој случај грешката ја направиле родителите затоа што направиле пропуст во своето влијание врз децата со цел да ги поправат непожелните разлики.
 Во науката постојат различни мислења и несогласувања за децата односно постојат мислења дека за градење на детската личност пресудна е неговата природа и други мислења кои фокусот го ставаат врз воспитувањето на децата.

Од аспект на родителите, се работи за дилемата: ”дали да имам став дека развојот на детето не зависи од мене туку од неговата природа или да заземам став дека развојот на детето зависи од мене?”.

Новите сознанија го поддржуваат вториот пристап.

Кога се раѓа детeто, неговиот мозок е полупроизвод. Како ќе се развива неговиот мозок зависи од тоа како детето ќе биде стимулирано од страна на околиските фактори, првенствено од самите родители.
Додека ги воспитуваме децата, влијаеме на начинот на кој нивниот мозок ќе се развива во одреден правец и на развојот на нивната личност.

Исти родители различно родителство

Многу е важно да ја преиспитаме претпоставката дека исти родители воспитуваат деца на ист начин.Како би можеле да ги објасниме големите разлики во однесувањето и типот на личноста помеѓу помладото и постарото дете на исти родители?
Односот помеѓу воспитувањето од страна на родителите и детското однесување или цртите на детската личност не се причинско-последичен однос.
Наместо да се разбере како родителите го поттикнувааат однесувањето на детето, треба да разбереме дека родителите имаат свое влијание врз детето, и дека од детето зависи дали тоа влијание ќе биде прифатено или не.

Тоа е главната причина зошто некои работи потребно е на децата да им се повторат повеќе пати затоа што на тој начин врз нив се врши притисок да ја прифатат пораката на родителите. Ако пораките кои ги упатуваат родителите се главниот составен елемент на воспитувањето , тогаш потребно е да знаеме дека детето не реагира на самата порака или на намерата на родителот, односно детето таа порака ја разбира на еден или друг начин. Исто така детето не jа разликува пораката од значењето кое самото и ја припишало.

Поради оваа причина можни се повеќе недоразбирања и “шумови” во комуникацијата особено онаа со малите деца.

Единствен систем на пораки

Воспитувањето можеме да го разбереме како збри на одредени пораки кои родителите ги упатуваат кон детето и кои се однесуваат на важни аспекти од животот. Родителите можат да мислат дека истиот комплет на пораки го испратиле и до едното и до другото дете. Дури и тоа да го направиле, многу е важен редоследот по кој детето го усвојува знаењето, и многу е важно да се посочи дека не  е можно да се повтори истиот редослед на пораки.
Доколку го земеме во предвид  и фактот дека детето има две родителски фигури и дека пораките кои ги испраќаат родителите детето ги регистрира како важни, тогаш нештата стануваат уште покомплексни.

Во текот на воспитувањето, растот и развојот, детето всушност се наоѓа во комуникациско поле во кое има значајни други фигури чии пораки и постапки влијаат врз него, односно влијаат врз начинот на кој детето ќе изгради слика за себе за другите и за светот околу себе. Ова е во склад со пораката “Децата не ги воспитуваат само родителите туку и целото село”. Дури и кога родителите би биле константа во ова поле и не би се разликувало нивното влијание на првото и второто дете , невозможно е другите значајни фигури да имаат подеднакво исто влијание врз сите деца.

Важен или неважен

Како детето ќе ги протолкува родителските пораки зависи и од контекстот, а контекстот кај првото и второто дете се разликува. Првото дете во еден период било единец и уживало во неподеленото внимание на своите родители. Малите деца се незрели и размислуваат во слики односно имаат конкретно мислење. Затоа тие љубовта ја изедначуваат со вниманието. Тие размислуваат на следниот начин: “Ако мама ме гледа мене значи дека јас сум важен, а ако го гледа моето братче тогаш тој е важен, а јас сум неважен. ”
Поради губењето на вниманието кое сега мораат да го делат со помладото дете , децата ова го доживуваат како губење на љубовта на своите родители/родителот.
Тука настанува однос на љубомора наспроти помладото дете кое влегува во контекст во кој постарото дете ги толкува различните ситуации, родителските постапки и нивните пораки.
Желбата да се избори за добивање на родителската љубов може да биде многу силен мотив кој ќе влијае врз начинот на кој детето како личност ќе се развива во еден или друг правец.

Љубомора кај постарото дете
Еден од типичните начини на кои се манифестира љубомората кај постарото дете е тоа да се спушти на возраст на помладото дете и во психолошка смисла да се регресира на некоја помлада возраст со цел да се натпреварува со помладото дете. Ако родителите започнат да му попуштаат на постарото љубоморно дете , тоа може да биде пресудно тоа да заземе став дека родителите, помладото дете и луѓето во неговата околина треба да му ги исполнуваат желбите.

Љубоморното постаро дете може да реагира и на поинаков начин, односно да се обидува да докаже со својата послушност и успешност дека е подобро од помладото дете и дета тоа е детето кое родителите повеќе треба да го сакаат.
Овој втор случај кај родителите може да доведе до контра ефект односно кога тие сметаат дека не треба да се занимаваат толку со ”не проблематичното” дете односно повеќе да му се посветат на ”проблематичното” дете. Како резултат, љубоморното дете има заклучок дека доволно не се трудело и повеќе се труди да е подобро од помладото дете.

Љубомора кај помладото дете
Ни помладото дете не е имуно на појавата на љубомора. Во почетокот додека е се уште мало, детето се чувствува сакано, но покасно кога малку ќе порасне и ќе започне да се споредува со постарото дете настанува проблем со љубомора од помладото спрема постарото дете. Иако родителите се трудат своите деца да ги воспитаат на ист начин, односот со старото дете во голема значајна мера може да ја обликува личноста на младото дете. Со цел да биде прифатено од страна на постарото дете, помладото дете учи да му угодува на постарото. Тоа е механизам кој може да стане централен механизам на неговата личност кога е во прашање односот со другите луѓе.
Помладото дете може да се обидува да се спореди, да го достигне и да го победи постарото дете кое можеби е и неколку години постаро, на тој начин постојано се поставува себе си во ситуација да биде фрустрирано.
Поради овој константен натпревар кој само си го наметнува помладото дете може да се чувствува помалку вредно и помалку способно од постарото.

Педагошки мит

Во согласност со погоре произнесеното, љубомората која се појавува во однос на постарото и помладото дете станува голема сила која ја обликува личноста и на едното и на другото дете. Кога децата се од ист пол, и колку помала е старосната граница помеѓу нив, толку полесно тие ќе се споредуваат едни со други а со тоа и љубомората ќе биде поприсутна Љубмората помеѓу децата не е нерешлив проблем, туку нешто кое родителите треба да го неутрализираат во текот на воспитувањето.

Доколку се навратиме на нашата почетна претпоставка дека родителите ги воспитуваат децата на ист начин можеме да заклучиме дека таа не точна. Ниту родителите можат да ги воспитаат децата на ист начин (дури и кога се во прашање еднојајчени близнаци), ниту пак родителите се единствените кои го воспитуваат детето кое се наоѓа во комуникациското поле во кое сите значајни други влијаат врз него. Многу е битен и односот спрема децата, затоа што на тој начин тие се воспитуваат меѓусебно. Односно претпоставката дека истите родители може да ги воспитаат своите две деца на ист начин е т.н педагошки мит.

Извор: http://www.detinjarije.com/
DR. ZORAN MILIVOJEVIĆ: MLAĐE I STARIJE

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...