Почетна / Совети за здравје / Дали психотерапевтот може да биде ваш пријател?

Дали психотерапевтот може да биде ваш пријател?

Дали терапевтите влегуваат во пријателски однос со своите клиенти?
Иако на т.н терапевстки пријателства се гледа со неодобрување од страна на заедницата за ментално здравје, поголемиот број на клиенти во терапијата имаат потреба од блискост со својот терапевт. Дали терапевтот може да ја работи својата работа и во исто време да ја извршува својата стручно-етичка и практична улога?

Во принцип, клиентите е потребно да ја почувствуваат грижата на својот терапевт. Но тој однос потребно е да има одредени ограничувања, затоа што во секој случај станува збор за деловен односно работен однос, клиентот за секоја сесија плаќа а како надомест за тоа терапевтот ја вложува својата енергија, знаење и искуство потребно за промена на барањата на клиентот. Тоа е односот кој резултира со успех.

Како да се избегне замката на професионално пријателство?
Во која мера терапевтот е потребно да вклучува клучни елементи во терапијата како емпатија, разбирање, почит, а тоа да не премине во пријателство а сепак  да биде во функција на пружање на поддршка преку своите услуги кои ќе придонесат до промените кои ги побарува , но и му се потребни на клиентот?
На пр. тоа може да биде повремено поставување на прашања на клиентот упатени до терапевтот по пат на е-маил кога е нестрплив да сподели нешто за себе пред следната сеанса, или кога клиентот се чувствува комплетно очајно и е потребно да ја регулира својата состојба преку повик до својот терапевт.

terapija
Со цел зачувување на професионалноста, сечие време е драгоцено па и тоа на психологот, затоа поставувањето на границите е поддеднакво важно и за психотерапевтот.

Затоа што различните цели на терапијата мораат да се остварат клиентот мора да се почувствува поддржан и да сечувствува безбедно додека разговара со својот терапевт.На тој начин тој на него гледа не само како на некој кој работи работна задача но и искрено е загрижен за неговата добростојба што е од клучно значење за одржување на односот терапевт-клиент. Фокусот постојано мора да биде на она што ќе ја зголеми можноста клиентот да ги оствари своите цели. Интервенцијата на терапевтот мора да биде срдечна, топла и пријателска а границите на пријателството мора да постојат.

Заклучок на нашата дилема е следниот: терапевтот мора да биде некој кој ќе му го пруќи своето стручно знаење и посветеност на својот клиент, но во одредени ситуации е потребно да биде спремен да ги ублажи непријатностите, да пружи поддршка како ‘’професионален’’ пријател, но до одредени граници.

Сепак терапевтот никогаш не може да ги замени личните пријатели, пријателите низ разговор на кафе, или телефонски може да плачат со вас дури и во 3 наутро, а може да ве повикаат и на летување со нив. За разлика од нив доколку ова се случи со психотерапевтот колку ли само точки од етичкиот кодекс тој би прекршил?

Понекогаш е тешко да се направи разлика и да се повлече граница каде престанува терапевсткиот а каде започнува пријателскиот однос затоа што тие на многу начини се слични.
Што ќе се промени доколку станеме пријатели и почнеме да пиеме кафе со своите клиенти?

Јас кога пијам кафе со своите лични пријатели престанувам да бидам терапевт…

Извадок од текстот: PSIHOTERAPEUT ILI PRIJATELJ?
Извор: http://www.psihologijaonline.com/psihoterapija/238-moze-li-vas-terapeut-biti-i-vas-prijatelj

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...