Почетна / Совети за здравје / Дали постои решение за секој проблем?

Дали постои решение за секој проблем?

Проблемите се составен дел од нашиот живот и да сакаме да ги избегнеме, невозможно е. Не постои начин се да средиме однапред и во животот се да ни тече едноставно. Проблемите, кризите, предизвиците, се повторуваат и се составен дел од животот. Низ нив учиме и растеме.

 

Животот не е секогаш мирно море. Можеме да се лутиме  поради тоа, или можеме да научиме да пловиме по него.

 

Ако на препреките гледаме како на нешто нормално, нешто што се случува на сите луѓе тие стануваат задача кои треба да се реши доколку пристапиме стрпливо, и со сите наши знаења, вештини и искуства кои ги имаме на располагање. Според мене постои решение за секој проблем. Јас верувам во тоа, во мојот живот многу пати сум се уверила дека може се да се реши.

neuromedika logo new

 

Дали постои решение за секој проблем?

На момент се замислив кога ми го поставија ова прашање и сватив дека недоразбирање се појави најверојатно во различните очекувања во тоа што е решение на проблемот. Мислам дека за секој проблем постои решение! Пред да образложам ќе споделам еден цитат кој одамна го прочитав и кој е еден од идеите водилки во мојот живот.

 

Проблемот не е таму каде што го гледаш, тој е таму каде што го набљудуваш.” – Evald Flisar

Првиот пат кога прочитав ништо не ми беше јасно. Како тоа? Овој човек сака да каже дека јас сум проблемот? На прв поглед не звучи баш оптимистично, но кога подобро ќе размислам и е оптимистично. Ако проблемот е во мене, тогаш и решението е во мене. Ако сум одговорна, тогаш имам моќ и да направам нешто и да дојдам до решението. Дали тоа значи дека можам да го решам баш секој проблем? Да! Но, тоа не  значи да имаме моќ да биде се баш како што ние сакаме.

 

За секој проблем постои решение. Некогаш решението е во тоа да прифатиме дека не можеме на се да влијаеме и со тоа прифаќање ќе можеме да бидеме помирни.

Во таа смисла, за секој проблем постои решение. Ако добро се замислиме и преиспитаме треба да си поставиме прашање дали јас можам да влијаам на тоа некоја ситуација се промени? Ако можам, што сé јас можам да направам? Ако не можам да влијаам, како тоа можам да го прифатам? Ова одамна го кажа Свети Фрањо Асишки, во својата молитва за која верувам ќе им послужи на сите, и на верниците и на атеистите.

Боже, дај ми храброст да го променам тоа што можам да го променам, дај ми снага да го прифатам тоа што не можам да го променам, а најмногу од се, дај ми мудрост да го разликувам едното од другото.

Да не остане само на молитва и пасивно чекање, на некоја виша сила да го реши проблемот, ви предлагам да ја направите следнава вежба:

Запишете некој ваш проблем. Притоа, кога ќе го видите така запишан, запрашајте се дали можам да влијаам на ова? И дајте си на себе доволно време да дојдете до правиот одговор. Ако е проблемот комплексен, расчленете го на поедини  проблеми и за секој од тие проблеми запрашајте се дали можам да влијаам на ова? Ако можете, направите се што е во ваша моќ за да го решите. Ако не прифатете го како реалност и вашето време и енергија насочете ја некаде каде што ќе биде ефикасна.

Анета Начевска,

Специјалист по медицинска психологија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

http://www.neuromedica.com.mk/

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...