Почетна / Совети за здравје / Дали витаминот Д може да го продолжи животот?

Дали витаминот Д може да го продолжи животот?

Витаминот Д можеме да го добиеме по пат на консумирање на намирници, суплементи и со излагањето на сонце.  

Научниците откриле дека постои поврзаност помеѓу количеството на витаминот Д и животниот век. Но не се уште сигурни во тоа дали малите количества на витаминот Д во телото можат да го намалат животниот век и дали можат суплементите на витаминот Д да помогнат.   

Претходните истражувања покажале дека на телото му е потребно одредено количество на витамин Д како би останало здраво. Витаминот Д можеме да го добиеме по пат на некои намирници или по пат на суплементи. Сепак најмногу витамин Д примаме со излагањето на сонце.
Исто така, претходните истражувања покажале дека постои поврзаност помеѓу недостигот на витаминот Д во телото и зголемениот ризик од настанување на срцевите заболувања, рак и предвремената смрт. Во текот на истражувањето на американските научници кое траеше 16 години, починало околу 7000 луѓе. Научниците ја проучувале поврзаноста на витаминот Д во телото и животниот век. По анализата на резултатите, научниците дошле до заклучок дека помало количество на витаминот Д во телото може да го скрати животниот век. Сепак , научниците истакнуваат дека резултатите од ова истражување не се поверливи бидејќи научниците не земале во предвид и други фактори кои влијаат на животниот век, како што е начинот на исхраната, пушењето, консумација на алкохолот и навика за вежбање. На животниот век делуваат голем број на фактори. Мали количества на витаминот Д во телото можат да бидат знак на лошото здравје, но не нужен предизвикувач на предвремената смрт.

Научниците истакнуваат дека одредени групи на луѓе, односно критични групи на луѓе, треба да земаат суплементи со витамин Д. Доколку не сте сигурни дали припаѓате во наведената група посоветувајте се со Вашиот доктор.

Проверете и

Влијанието на поленот врз здравјето

Пчелниот полен е мешавина на различен полен кои го собираат пчелите додека летаат од еден ...