Почетна / Здравје и исхрана / Дали ги читате етикетите на храната која ја купувате?

Дали ги читате етикетите на храната која ја купувате?

Според законот сите производи мора да бидат етикетирани коректно: со наведен состав, хранлива и енергетска вредност. Ова може да биде добра алатка во сферата на правилна исхрана.

Што ќе прочитаме од етикетата?

  1. Табелата со хранливата вредност на производот е основен ориентир и наш помошник во борбата со вишокот калории. Не смееме да заборавиме дека во неа се содржат најважните информации во врска со хранливата содржина и енергетска вредност на производот.
  2. Содржината на етикетата веднаш ни помага да се ориентираме дали храната е преработена, дали содржи конзерванси, бои и ароматизери
  3. Ќе избегнеме проблеми и непријатни искуства во случаи на алергија или интолеранција на одредени состојки. При интолеранција на глутен или лактоза информациите на етикетата е максимално неопходно да бидат прочитани.12715411_1563301500656934_5527209408256405944_n

На амбалажата на ZIDO производите може да се најдат и дополнителни информации, кои ќе ви помогнат да се ориентирате во светот на храната. На секој производ пишува содржина на калории за едно парче  од производот во кутијата (крекери или колаче), количеството влакна за 100 грама и процентот на лимец. За олеснување во исхраната на луѓето со дијабетес е споменато и означувањето на лебните единици- метод кој сеуште многу ретко се среќава на пазарот.

12733649_1563331030653981_1845899789004590168_n 13054832_10207103422757058_1121041753_o

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...