Д-маноза

Д- маноза е додаток во исхраната , кој може да се најде во боровинките, праските, јаболката , во други шумски плодови , а и во некои растенија.

Инфекциите на уринарниот тракт се едни од најчестите клинички симптоми, кои се многу почести кај женската популација почнувајќи од најрана возраст, додека кај мажите се сретнуваат во понапредната возраст

Кај жените овие инфекции се почести заради анатомската градба, бидејќи уретрата се наоѓа блиску до чмарот, а нејзината должина е околу 4 сантиметри, додека кај мажите уретрата е околу 20 сантиметри, затоа кај жените бактериите многу полесно стигнуваат во мочниот систем.

Така се препорачуваат некои природни производи, кои можат да му помогнат на човекот да се реши од оваа упорна и нескротлива Ешерихија коли. Овде пред сè се мисли на брусница која е едно од најпопуларните лековити растенија кои се користат за заштита на мочните патишта, таа спречува прилепување на бактеријата за ѕидот на мочниот меур, и ја менува рН на мочката. Се установило дека брусницата својот ефект го искажува благодарејки на присуството на моносахаридот Д- маноза.

Подоцна се утврдило дека и чиста Д-маноза има силен ефект врз намалување на инфекциите предизвикани од Ешерихија коли. Чистата Д- маноза има 50 пати појак ефект во споредба со сок од брусница.

Она што е важно да се нагласи е дека Д-манозата е апсолутно безопасна и можат да ја користат деца, трудници дури и дијабетичари, бидејќи таа не се метаболира во организамот, а се исфрла преку мочните патишта.

Треба да се каже дека Д- манозата нема бактерициден ефект (не ги убива бактериите) како антибиотиците.

Ешерихијата е позната по својот голем афинитет кон шеќерите кои и се нејзина храна и посластица. Кога ќе се внесаат поголеми количини на Д- маноза  Ешерихиите се насочуваат кон овој шеќер, впловуваат во него, а тој се налепува на нивните продолжетоци, така да тие не се во можност да се закачат на ѕидот на мочниот меур  и остануваат заробени во манозата.

Со уринирање се исфрлува манозата, а со неа и налепените Ешерихии. Бидеќи се намалува концентрацијата на Ешерихиите, се намалува и инфекцијата. Ако се продолжи со давање на Д-маноза во поголеми концентрации (од 3 до 6 грама дневно) постепено ќе се ослободат мочните патишта од нескротливата Ешерихија.

Д- манозата се внесува во вид на капсули при што се  прима 3 пати по 3 капсули ( 4.5 грама), 1 час пред јадење четири дена, а потоа се зема 3 пати по 1 капсула.

Ако предходно сте пателе од уринарни инфекции може да се зема по една капсула  или лажиче дневно во текот на десет дена.

За да се избегне повторна инфекција со Ешерихија се препорачува:

Да не се користат танга ѓакички и тесни пантолончина кои со триење на урогениталните органи можат да ја внесат Ешерихијата до мочниот меур;

Додека се има инфекција да се избегнува консумирање на слатки работи бидејќи тие се храна која им помага да се размножуваат;

Да се води сметка за бришењето со тоалетна харија после нужда особено женските од напред према назад;

Ако едниот сопружник има инфекција двајцата да се лекуваат и покрај одсуство на симптоми;

Да се пие доволна количина на течности со што „плакнењето“ на мочните патишта ќе биде поефикасно;

Да не се задржува мокрењето. Кога ќе се добие дразба за мокрење што побрзо да се оди во тоалет;

Да не се седи на ладна подлога (камен, клупа). На плажа после капење што побрзо да се замени влажниот костим со сув.

На крај да кажеме дека место веднаш да се почне со антибиотици да се почне со природните брусница или Д-маноза. Нескротливата Ешерихија коли нема можност кон нив да се адаптира како тоа што го прави со антибиотиците. Треба уште еднаш да се нагласи дека природните лекови се безопасни а ефикасни.

Извор: Живот и Стил

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...