Почетна / Совети за здравје / Чуваркуќа, ја чува куќата но и здравјето

Чуваркуќа, ја чува куќата но и здравјето

Според народното предание, чуваркуќата ја чува куќата и семејството од оган, како и од вампири и вештерки. Но чуваркуќата (Semprevivium tectorium L. – Crassulaceae) е природен лек за многу болести.  

Чуваркуќата е повеќегодишна билка која може да порасне и до 30 сантиметри. Што се однесува до незиното постоење во природата, добро ги поднесува и ниските и високите температури. Отпорна е на суша, затоа што внатрешноста на нејзините листови се исполнети со резерви на вода. Ова билка може да расте насекаде – помеѓу камењата, на карпите, на различни типови на почва, на крововите на куќите. Така да не е невообичаено чуваркуќата да се одгледува на балконот, во саксиите.

Бојата на листовите на ова билка може да биде зелена, бордо или виолетова, а цветовите се јавуваат на врвот и најчесто се со црвена боја. Доколку се прашувате што е тоа што е лековито во содржината на чуваркуќата, одговорот е јаболковата и мравјата киселина. Ова билка својата примена ја има пронајдено во народната медицина, а современите истражувања се насочени на полисахаридите од сокот на чуваркуќата, затоа што на сокот му се припишува делувањето на имунолошкиот систем, како и лекувањето на канцерогените заболувања.

Надворешна употреба

Од низа на лековити делувања која ја има чуваркуќата, најпознатото е тоа дека ова билка го елиминира вишокот на маснотии од ушниот канал. Поред тоа, сокот од листовите на чуваркуќата е добар природен лек за повредите на кожата, раните и изгорениците. Исто така, лековитиот сок од ова билка долги години наназад  се користи за отстранување на брадавици, но и отстранување на флеките предизвикани од сонцето.

Воспаление на увото

Сечете на пола неколку листови на чуваркуќата и исцедете две до три капки сок на болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата така да може течноста да излези од увото.

Внатрешна употреба

Доколку листовите на чуваркуќата се комбинираат со мед, тогаш е посебно делотворна кај воспалението на усната шуплина. Сокот од ова билка е добар диуретик, а има и лаксативно делување. Чуваркуќата се употребува и во случај на напнатост, нервоза и стравови.

За зајакнување на организмот

Листовите на чуваркуќата сомелете ги во блендерот, потоа ставете ги во пластичен сад и помешајте ги со медот. Измешајте ја убаво смесата со дрвена или пластична лажица. Потоа во поголема тегла турете ја смесата и затворете ја теглата. За да светлината не допре до целата тегла обложете ја со алуминиска фолија. Оставете ја теглата да поседи во фрижидер 5 дена. Шестиот ден на празен желудник земајте по две лажици од смесата и во наредните 20 минути не јадете ништо, туку испијте малку вода.

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...