Почетна / Совети за здравје / Чудотворни маски за коса

Чудотворни маски за коса

Ладниот воздух, ветерот, сув воздух, зачадени простории оставаат трага на Вашата коса и кожа на главата. Па затоа треба да ја негувате косата со маски.

Благотворно пакување на маска за коса – за да ја регенерирате оштетената коса, еднаш неделно обезбедете куповно пакување или пакување на маска која можете сами да направете дома. Обилно нанесете маска на водена коса, ставете кеса на главата или фолија па преку тоа пешкир. Топлината која настанува под кесата му помага на косата да подобро ги впива хранливите состојки од масата. Најдобра и нај хранлива маска е она која можете сами да направите:

Изматете две жолчки, додадете лажица маслиново масло и малку сок од лимон. Со ова смеса намачкајте ја цела коса, ставете кеса на главата и држете околу еден час, а може и подолго.

Сјајот на косата може да се зголеми доколку косата ја измиете со вода каде се имаат варено костените.

Доколку косата брзо Ви се масти после перењето, измијте ја со вода во која имате додадено свежо исцеден сок од лимон.

За да ви биде силен коренот на косата измијте ја со вода во која се има варено копривата или со чај од ова билка.

Универзална маска

Пред да ја измиете косата промешајте во садот една жолчка со маслиново масло и малку масло од чичак. Додадете малку мед и сув пивски квасец. Измешајте сето тоа и почнете да нанесувате на коса, ставете кеса на главата и оставете најмалку половина час.

Лимон за здрав изглед

Измијте ја косата со свежо исцеден сок од лимон, косата ќе Ви блеска и ќе има здрав изглед, а влакната ќе станат посилни и поотпорни.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...