Почетна / Здравје и исхрана / ЧОРБА ОД КОПРИВА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

ЧОРБА ОД КОПРИВА ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

Чорба од коприва е незаменливо јадење за сите оние кои се малокрвни, слаби, кои закрепнуваат од тешки заболувања, посебно е драгоцена за оние кои имаат малиген тумор и оние кои одат на хемо терапија затоа што копривата е билка која ја чисти и зајакнува крвта. Копривата е лековита билка која посебно е корисна за малите деца, а чорба од коприва е многу вкусна. Уз сето ова ако во чорбата се додаде кисело млеко, павлака или рендано сирење, ова јадење станува гастрономски деликатес.

И она што е битно да се спомне е тоа да копривата не се прска со пестициди и инсектициди како останатиот зелен зеленчук.

Копривите можат да се берат од пролет се до доцната есен и се берат младите ливчиња. Кога ќе се набере, коприва внимателно се чисти од гранчиња, бубачки трева и други билки, а пред се е најбитно да се берат од чисто и не загадено место. Исчистените ливчиња коприва се попарува со жешка вода и ги оставаме малку да поседат и вака исцедената коприва е основ за многу јадења.

Состојки за подготвување на чорба од коприва се:

  • Половина килограм попарени коприви
  • 1 – 2 литар жешка вода
  • 2 лажици масло
  • 2 до 4 лажици пченкарно брашно
  • Лук, сол, црна пипер

Подготовка

Во жешка вода додадете попарените листови на коприва, 2 лажици масло и се варат половина час. Се додава 2 до 4 лажици пченкарно брашно со постојано мешање. Кога сите состојки ќе се измешаат се додава неколку чена лук и се миксира со рачен апарат за пасирање. Кога ќе ја изматиме чорбата додаваме сол по вкус и пипер.

Добар апетит!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...