Почетна / Рецепти / Чоколадни мафини

Чоколадни мафини

Мафините се посластица на која сигурно ниеден љубител на благи нема да одолее.  Мафините, благодарение на неодоливиот изглед и вкус еднакво ќе ви одговараат и ако сте дете, но и ако сте во повозрасни години.

Затоа, како би уживале во ова посластица и со неа да ја украсите Вашата трпеза, а и да ги развеселете блиските луѓе околу Вас, еве ја рецептата која ќе Ви помогне да ги направете мафините.

Потребните состојки:  

  • 100 грама квалитетна и вкусна чоколада
  • 100 грама путер
  • 50 грама шеќер
  • 50 грама брашно
  • Три јајца

Начин на подготовка:  
Изматете  ги јајцата и шеќерот во мера која е погоре назначена. На шпоретот ставете едно поголемо тенџере во која се наоѓа вода и во тоа ставете едно помало тенџере, а да во него можат чоколадото и путерот да се стопат на пареа од долното тенџере. Стопената чоколада и путерот, измешајте ги со изматените јајца и шеќерот. Во таа смеса додадете брашно и убаво промешајте. Смесата која ја добивте, со соединување на сите состојки, обликувајте ја во топчиња кои се предвидени како калапи за мафини. Во внатрешноста на секој мафин додадете по коцка чоколадо.

Сложете ги мафините во плехот и ставете ги во рерна. Печете 4 минути на температура од 200 степени, а потоа уште 4 минути на температура од 100 степени. Извадете ги од рерната и служете. На крајот на мафините можете да им додадете шлаг или прелив по Ваша желба.  .

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...