Почетна / Здравје и исхрана / Чоколаден Мус – Хранлив заменски оброк со SLC Meal Replacement од чоколадо

Чоколаден Мус – Хранлив заменски оброк со SLC Meal Replacement од чоколадо

Колку за вас значи поимот квалитетна храна? Избирањето на состојките кои ги внесуваме во нашиот организам отсекогаш било важно. За да може телото да функционира нормално и да троши енергија, од негде треба и да ја внеси.

Бидејќи здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, ви подготвивме рецепт Чоколаден Мус со SLC Meal Replacement шејк од чоколадо кој како заменски оброк ќе биде добредојден на вашиот организам.

Погледнете ја нутритивната вредност на нашиот рецепт во продолжение и дознајте зошто овие производи е убаво да се јадат почесто.

Вкупно калории од една порција:328, Јаглехидрати: 27,05 гр, Протеини: 20,95 гр, и Масти: 28,4 гр.

Потребни состојки за рецептот по лице:

  • 1 јајце
  • 30 гр темно чоколадо
  • 20 гр SLC Meal Replacement шејк од чоколадо
  • 1/2 кафена лажичка путер
  • 1 мала лажичка рендана кора од портокал

Подготовка:

Во сад изматете ја белката убаво и тргнете на страна. Потоа чоколадото стопете го на пареа и додадете го путерот и жолчката на самиот крај. Измешајте убаво и тргнете ја смесата од оган.

Изрендајте кора од портокал и додајте ја во белките заедно со шејкот од чоколадо.

На крај во еден сад спојте ги заедно сите состојки, сипајте ги во декоративна чаша и ставете да отстои во фрижидер барем 3 часа додека се стврдне.  Декорирајте по желба.

Зошто овие производи треба почесто да ги воведете во својата исхрана?

Јајце – Јајцата се извор на протеини кои се потребни за создавање и обновување на клетките во организмот. Освен тоа тие учествуваат во градбата на мускулите, органите, кожата, косата како и на антителата и хормоните. Содржат 20 различни аминокиселини а 9 од нив се есенцијални аминокиселини кои не може да бидат создадени во телото а треба да ги внесете преку исхраната.

Темно чоколадо – За да уживате во здравствените придобивки на чоколадото, треба во неговиот состав да има минимум 70% какао. Може да се користи и во балансирана исхрана ако се консумира умерено. Неговиот горчлив вкус го намалува апетитот па затоа е препорачливо за диети или здрава исхрана.

Богато е со антиоксиданси, штити од срцев и мозочен удар, го подобрува расположението и го намалува стресот.

Шејк од чоколадо SLC Meal Replacement – Вкусен и хранлив заменски нискокалоричен напиток богат со протеини, диетални влакна и неопходни витамини и минерали. Дава ситост и намален апетит, ја зголемува желбата за вода и го помога варењето на храната. Служи како оптимален доручек, ручек или вечера за ефикасна контрола на тежината.

Кора од портокал – Богат извор на растителни влакна, содржи висок процент на витамин Ц, изобилува со калциум.

Путер – Путерот не е штетен. Како и сè друго, при умерени дози на консумирање путерот може да му донесе само корист на организмот. Млечните масти кои ги содржи даваат енергија и топлина на телото, а витамините кои ги содржи влијаат на правилен раст на коските, го подобруваат видот и состојбата на кожата и косата.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...