Почетна / Диети / Чиа пудинг со јагоди и праски- вашиот нов омилен здрав десерт

Чиа пудинг со јагоди и праски- вашиот нов омилен здрав десерт

Чиа пудинг со јагоди и праски се подготвува за 5 минути во 2 чекори и е одличен како појадок или меѓу оброк . Овој вкусен рецепт е засладен само со природните состојки и е здрав што на сите ќе ви се допадне како опција за десерт посебно во овој перод од годината.
Состојки
  • 1 праска
  • 5 средни во големина јагоди
  • малку гранола
  • 1 шолја јогурт или млеко од бадеми
  • 2 лажици јаворов сируп
  • малку ванила
  • 1/3 шолја чиа семе

    Чиа семето во посебен сад се меша со јаворовиот сируп, ванилата и јогуртот. Колку повеќе остојува (а може и преку ноќ да се остави) толку подобро.
    Се реди прво ред сецкано овошје па смесата со чиа и праски и гранола на врвот.
    Превкусно е испробајте го!

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...