Почетна / Совети за здравје / Четири клучни правила кои треба да ги знаете за здрав живот

Четири клучни правила кои треба да ги знаете за здрав живот

Советите за зачувување на општото здравје широко се достапни и со нив секојдневно сме ῎бомбардирани῎ од сите страни. Меѓутоа не е лошо постојано да ги повторуваме. Најпосле, се работи за четири клучни правила.

Заправо, можеби е полесно да се искажи со бројки. На пример, студиите од Американскиот Центар за контрола на болестите и превенција покажуваат дека луѓето кои ги следат овие основни правила имаат 66 проценти помал ризик да починат од рак, 65 проценти помалку шанси да починат од кардиоваскуларни заболувања и 57 проценти помалку шанса да предвремено починат од други заболувања. Математиката е едноставна …

Ние сепак не сакаме да потврдиме дека е тоа лесно. Не постојат трикови, туку се работ за многу сериозни промени во животните навики. Тоа е работа која треба самите еднаш во животот да направите како треба, и за тоа треба да бидете спремни.

1. Хранете се здраво

Внесување на овошје, зеленчук, интегрални житарки, а малку мрсни производи, може да помогне во намалувањето на килограмите и намалувањето на нивото на холестерол, па така да го намалите ризикот од дијабетес и низа други заболувања. Сепак, пред да почнете со диета, размислете дали сте спремни за тоа.

Во САД повеќе од 33 проценти од возрасните и 17 проценти од децата имаат прекумерна тежина. Трошоците предизвикани од дебелината на нацијата доведе до енормно зголемување на трошоците на здравствената заштита.

2. Бидете физички активни

Учествување во некој вид на постојан фитнес режим навистина може да Ве направи да бидете здрави и да Ви го продолжи животниот векот. Некои студии кажуваат дека за се вкупното здравје потребни се само 15 минути дневно, додека другите препорачуваат 30 минути физичка активност, пет пати неделно. Постојат, разлики кои се однесуваат на должината на траењето и видот на тренингот, но суштината е иста.  Дневната физичка активност може значително да го намали ризикот од настанувањето на кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, како и некои видови на канцер. Освен тоа, може да го намали крвниот притисок и холестеролот, дури може да го спречи или да ја забави остеопорозата. Исто талка влијае на намалувањето на дебелината, симптомите на анксиозноста и депресијата и артритисот.

3. Оставете го пушењето

Секоја година 6 милиони луѓе умираат од последниците на активното или пасивното пушење. Доколку ја имате ова незгодна навика, постојат различни начини да се ослободите од неа. Сепак кој метод да изберете, апсолутно е најважна решеноста да издржите.

4. Умерено консумирајте го алкохолот

Клучот за голем дел од работите во животот е умереноста, па е таков случајот и со алкохолот. Препорачаната дневна доза на алкохолот за мажите не треба да преминува два пијалаци алкохол дневно, а кај жените еден.

Пијанството, кое е посебно популарно меѓу тинејџерите, може да предизвика сериозни оштетувања на мозокот. Редовното опивање и знаците на зависност од алкохолот бараат итна интервенција и лекување, а уз сето тоа се зголемува ризикот од некои облици на канцер.

Возењето под дејство на алкохол одговорно е за смрт на една личност на секои 30 минути, а предизвикува и тешки телесни повреди на секои 2 минути.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...