Почетна / Совети за здравје / Четири и повеќе шолји кафе на ден – Опасни по живот!

Четири и повеќе шолји кафе на ден – Опасни по живот!

Конзумирањето на повеќе од 28 шолји кафе седмично може да биде штетно кај лица помлади од 55 години, ова се резултати од најновите истражувања на американскиот научник Рочестер.

Во истражувањето кое го објави клиниката  “Mejo” се наведува дека, утврдено е кај машки лица помлади од 55 години кои пиеле по 28 шолји кафе седмично или 4 шолји дневно постои 56% ризик за смрт од било која болест.

Жените во таа старосна доба кои толку често конзумираат кафе се двојно повеќе изложени на ризик од смрт во однос на останатите жени, наведуваат истражувачите кои ги анкетирале 43.727 машки лица и жени на возраст од 20 до 87 години, со траење од 1971 до 2002 година.

“Спрема нашето истражување и студии, безбедно е да се пие по една до три шолји кафе дневно. Конзумирањето на 4 и повеќе шолји може да биде опасно по здравјето”,рече коавторот на студиите Ksuemei Sui од универзитетот во Јужна Каролина. Таа една шолја ја дефинира како 28 гр кафе.

Од една страна, кофеинот во кафето го зголемува бројот на отчукувања на срцето и крврниот притисок, како и нивото на шеќер во крвта. Од друга страна пак, тоа е најдобриот антиоксидант.

Според тоа, не е утврдена значајна поврзаност на кафето и срцевите болести, а дополнителни истражувања ќе бидат спроведени за да се испита поврзаноста на кафето со ракот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...