Почетна / Совети за здравје / ЧАЕВИТЕ КОИ ШТО ПОДМЛАДУВААТ И ЛЕКУВААТ

ЧАЕВИТЕ КОИ ШТО ПОДМЛАДУВААТ И ЛЕКУВААТ

Чајот потекнува од древната Кина, а во Европа прв пат стигнал преку Амстердам и тоа во далечната 1610 година. Европа одлично го прифатила и чајот за брзо станува симбол на пријателство, хармонија и блискост помеѓу луѓето.

Ги разликуваме билните чаеви од нашето поднебје кои ги сметаме за корисни и оние популарни и премногу рекламирани, како во светот така и кај нас на кој им се припишува различни лековити својства и оние кои се наводно богати со антиоксиданси, го продолжуваат животниот век и поволно влијаат на работењето на срцето. Постојат и тешки темни чаеви кои содржат состојки кои се слични на оние од кафето, а благодарение на танинот ја намалуваат апсорпцијата на железо па нивното често консумирање може да предизвика анемија.

Во Израел е спроведено истражување каде што на децата им бил даван зелен грузиски чај. Студијата покажала дека оние деца кои редовно го консумирале овие напивки биле повеќе анемични. Исто така кај некои испитаници во крвотокот им била забележана лошо развиени крвни зрнца.

Докторите токму поради овие негативни својства го препорачуваат консумирањето на домашни чаеви.

ХИБИСКУС – Интезивната боја, блага арома и пријатен мирис е добитна комбинација доколку сте во потрага по омилениот чај. Ова напивка е богата со витамини А и Ц, па делува како антисептик. Помага кај настинка, несоница, срцеви заболувања, констипација, висок крвен притисок, проблемите со џигерот и високиот холестерол.  .

НАНА – Овој чај поради пријатниот вкус често се препорачува и на малите деца, посебно доколку имаат проблеми со синусите. Одличен е извор на минерали, железо, манган и магнезиум. Помага кај пмс, гастритис, бронхитис, габичните инфекции, депресијата, киселини во стомакот, мачнини, мигрени.

КОПРИВА – Овој чај познат е како лек кој ја стимулира работата на органите за варење, џигерот, панкреасот, ја намалува болката во желудникот, ја прочистува крвта но и го зајакнува имунитетот. Помага кај анемија, болестите на џигерот, воспаление на мочните патишта, опаѓање на косата, регулирањето на пробавата, дијабетес и белодробните заболувања.

ЖАЛФИЈА – Ова волшебна билка лекува многу заболувања. Поред медицинската употреба жалфијата се користи и како зачин на многу јадења. Помага кај војната против грозница, болката во зглобовите, прекомерното потење, нервоза, главоболка, бронхитис и грип.

КАМИЛИЦА – се одгледува но и расти како самоникла билка на не обработени полиња, на сите е достапна, има пријатен мирис и вкус. Помага кај грозница, реума, сончаница, инфекција на очите, стомачните проблеми, несоница, нервоза, воспаление и алергија.

БЕЛИОТ СЛЕЗ – Иако е делотворен во целост, лековитите состојки најмногу се сконцентрирани во коренот. За консумација се користи и црниот слез. Кај респираторните проблеми се препорачува шуруп од белиот слез, посебно за децата. Помага кај дишните проблеми, воспаление на дебелото црево, дијареја, мачнини, болести на бубрезите, матката и гастритис.  .

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...