Почетна / Рецепти / Буковки на ловечки начин

Буковки на ловечки начин

Буковката е позната и ценета печурка. Буковката или ,,Pleurotus ostreatus’’  во последно време е се попопуларна дури и од шампињонот. Нешто повеќе во однос на шампињонот буковката има и една голема предност: не може  да ја помешате со отровна зелена пупавка.

Потребни состојќи:

  • 800 грама букови
  • 2 dl кисела павлака
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • еден морков
  • еден корен магдонос
  • една главица кромид
  • 1-2 листови ловор
  • оцет,сол и неколу збра бибер.

Исчистете го морковот и магдоносот, исечете г на кругови и ставете ги во вода во која ќе додадете сол, бибер во зрна,ловоров лист и оцет. Оставете да олади а потоа во него додадете ги измиените буковки, кромидот исечен на тркалца и оставете ги да преноќат во фрижидер.  Другиот ден ставете ги на оган и варете додека не омекнат печурките, но треба да внимавате да не се распаднат печурките.

Од брашно и масло направете темна запршка, прелијте со исцедена вода во која се вареле печурките. Додадете го испасираниот морков и магдонос, измешајте ја павлаката и на крај додадете ги буковките. Уште еднаш сварете и веднаш сервирајте.

По желба ова јадење се сервира со кнедли од лајбици и сланина.

Добар апетит!!!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...