Почетна / Рецепти / Брзи и фини канапе сендвичи со туна

Брзи и фини канапе сендвичи со туна

Канапе сендвичи секогаш се добро и брзо решение за ненајавени гости или за друштво кое сака да грицка нешто друго освен колачи за време на дружењето.

Канапеи се мали сендвичи кои на себе можат да имаат комбинација од било што, од Вашите омилени намази, од различни комбинации со сувомеснати производи, сирења и зеленчук.

Денес Ви подготвивме вкусен намаз од туна кој одлично оди во варијанта канапе сендвичи. Рецептот е без строго дефинирани мерки за да може секој по свој вкус да додаде што му одговара.   Во еден поголем сад измешајте конзерва со туна со малку мајонез, неколку ситно исечени кисели краставици, лажица сенф, малку босилек, малку сирење или било која друга состојка по Ваша желба и вкус.

Би било идеално кога смесата малку се олади но доколку Ви се брза, веднаш мачкајте ја смесата на лепчиња: подгответе парчиња леб или двопек, на нив намачкајте го намазот од туна, наросете малку црвена пипер и украсете со чери домати.

Сервирајте со ладен и освежителен пијалак.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...