Почетна / Рецепти / БРЗА И ВКУСНА ПАНЦАНЕЛА САЛАТА

БРЗА И ВКУСНА ПАНЦАНЕЛА САЛАТА

Ова е идеален лесен утрински појадок, и доколку не сте расположени за готвење, ова салата е токму за Вас бидејќи брзо ќе ја подготвите. Ова салата е воедно и здрава, па задоволството ќе биде уште поголемо.

Состојки:

2 поголеми парчиња леб
1 поголем домат
1 кромид
свеж босилек
оцет
маслиново масло
сол и црна пипер

Подготовка:

Парчињата леб наредете ги во една помала тепсија, прелејте ги со неколку лажици маслиново масло, посолете ги парчињата и оставете ги да се печете во рерната се додека не станат крцкави. Извадете ги парчињата леб и сечете ги на коцки, па тргнете ги настрана. Сечете го доматот и кромидот па потоа префрлете ги во сад со лебот. Зачинете со оцет и со масло по Вашиот вкус, додадете сол, црната пипер, додадете го исечканиот босилек и салатата е спремна за јадење.

Добар апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...