Почетна / Диети / Брзa и лесна диета – за 7 дена 2 килограми помалку

Брзa и лесна диета – за 7 дена 2 килограми помалку

Ригорозните  диети кои константно предизвикуваат глад  сe главна причина поради кои голем број на луѓе не успеваат да ослабат. Со режимот на исхрана кои Ви го предлагаме нема ни да сетите дека сте на диета, а за недела дена можете да ослабете  два килограми.

1.ДЕН

ПОЈАДОК – една чаша сок без шеќер, два парчиња интегрален леб намачкан со мармелад или мед

РУЧЕК – салата, едно парче интегрален леб, една чаша сок без шеќер

ВЕЧЕРА – пастрмка на скара, шолја кафен интегрален ориз, голема порција зелена салата

2. ДЕН

ПОЈАДОК – 30 грама пченкарни снегулки или житарки со јогурт, портокал

РУЧЕК – сендвич од две лепчиња интегрален леб, 50 грама туна, неколку лисја зелена салата, јаболко

ВЕЧЕРА – салата од два домати и 100 грама моцарела сирење, двопек, салата од портокал, киви и ананас

3. ДЕН

ПОЈАДОК – две тенки парчиња испржена димена сланина, два домати, двопек

РУЧЕК – две парчиња потпечен интегрален леб со нискокaлоричен намаз од сирење, едно варено јајце, порција зелена салата, портокал

ВЕЧЕРА – 100 грама печено свинско месо, пире од 100 грама компир, 100 грама кравјо сирење.

4. ДАН

ПОЈАДОК – чаша сок без шеќер, две парчиња интегрален леб намачкан со мармелад или мед

РУЧЕК – интегрална кифла со 50 грама кравјо сирење, голема порција кравјо сирење

ВЕЧЕРА – филе од ослиќ печено на скара, 100 грама пире компир или 100 грама варен грашок.

5. ДЕН

ПОЈАДОК – една банана, лажица мед

РУЧЕК – голема порција супа од зеленчук, двопек, јаболко

ВЕЧЕРА – два поголеми печени компири, голема порција зелена салата, овошен јогурт

6. ДЕН

ПОЈАДОК – чаша сок без шеќер,  кроасан со лажица мармелад или мед

РУЧЕК – салата од 100 грама печено бело пилешко месо, свежа пиперка, голема порција зелена салата

ВЕЧЕРА – 100 грама варени интегрални тестенини со сос од домат и пармезан, зелена салата

7. ДЕН

ПОЈАДОК – 30 грама пченкарни снегулки измешани во чаша јогурт, портокал

РУЧЕК – 200 грама грашок, двопек, јаболко

ВЕЧЕРА – омлет од две јајца, салата од пиперка, домат, зелена салата и 50 грама сирење

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...