Почетна / Рецепти / Брз тирамису по рецептот на Гордон Ремзи

Брз тирамису по рецептот на Гордон Ремзи

Еден од најпознатите готвачи и сопственик на синџирот на ресторани Гордон Ремзи го дава рецептот за брзиот тирамису кој можете да го подгответе неверојатно брзо и во последен момент!

Состојки:  

  • 120 грама шеќер во прав
  • 300 грама блага павлака
  • Екстракт од ванила
  • 250 грама маскарпоне сирење
  • Бисквити
  • Шолја силна, црно кафе

Подготовка: Во садот ставете шеќер во прав, додадете блага павлака и сето тоа заедно изматете го. Во другиот сад ставете маскарпоне сирење и екстракт од ванила и добро измешајте. Смесата од маскарпоне сирење и ванила турете ја во шлаг и сето тоа добро изматете. Бисквитите преполовете ги на пола, макајте ги во кафето и ставајте ги во шолја или висока чаша. Преку бисквитите турете ја смесата, и на крај декорирајте со ренданото чоколадо.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...