Почетна / Здравје и исхрана / Bromelain биоактивен ензим – ризница на здравје

Bromelain биоактивен ензим – ризница на здравје

Бромелаин е еден од најпознатите биоактивни ензими и е предмет на постојани истражувања низ целиот свет.

Бромелаин е протеин присутен во стеблото и сокот од ананас. Овој природен ензим и припаѓа на групата на протеолитички ензими. Протеолитичките ензими главно се користат од страна на луѓе кои страдаат од синдром на малапсорпција, синдром на недоволна апсорпција на едноставните хранливи материи од храната (амино киселини, масти, витамини или едноставни шеќери) во цревата. Бромелаинот ја помага дигестијата (варењето) на внесената храна, го стимулира разградувањето на протеините и ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Се смета дека бромелаинот е биолошки најактивен од сите дигестивни ензими, и за разлика од други дигестивни ензими лесно и во големи количини се апсорбира во организмот. Како силен анти-воспалителен агент, бромелаин драматично го намалува постоперативниот оток, помага при третманот и опоравувањето од мали повреди, особено изметување (исчашување) и деформации, повреди на мускулите и значително ја намалува болката и чувствителноста кои ги придружуваат спортските повреди.

Бромелаинот го зајакнува имунитетот и го зголемува бројот на белите крвни зрнца. Бромелаинот се користи и како анти-воспалително и аналгетско средство. Се користи по операции за побрзо заздравување на рани, при спортски повреди, дигестивни проблеми, синузитис, за третман на апсцес (гноен чир), контузии, хематоми, исчашувања и улцерација.

Бромелаинот помага при борбата против артритис, хемороиди, менструални болки, автоимуни нарушувања и колитис при присуство на чир. Исто така го спречува прилепувањето на тромбоцити што доведува до затнување на крвните садови, особено во артериите и се користи како агент кој го спречува разредувањето на крвта и го спречува нејзиното згрутчување. Бромелаинот го забавува срцевиот ритам и го намалува крвниот притисок.

Примената и придобивките од бромелаин може да бидат повеќекратни:

  • го забрзува и подобрува варењето на храната, ја подобрува апсорпцијата и метаболизмот на хранливи материи
  • ги ублажува симптомите на респираторни заболувања (воспаление на синусите, астма, хроничен бронхитис)
  • ја подобрува циркулацијата
  • го забрзува заздравувањето на раните и постоперативно закрепнување
  • анти-воспалителен ефект при ревматоиден артритис, ги ублажува болките во грбот
  • ги олеснува симптомите на ПМС
  • го намалува ризикот од срцев и мозочен удар
  • ја поттикнува мускулната контракција
  • спречува појава на рак
  • превенција од појава на на чир во желудникот
  • го смалува апетитот

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...