Почетна / Здравје и исхрана / Британците направиле чоколада против стареење кое ја подмладува кожата дури за цела деценија!

Британците направиле чоколада против стареење кое ја подмладува кожата дури за цела деценија!

За да имате убава, негувана и затегната кожа, повеќе не морате да ја третирaте само надворешно со помош на креми, сега можете да ја подмладите вашата кожа и од внатре.

Британските научници направиле чоколада против стареење која може да ги ,,испегла’’ борите на вашата кожа. Новиот сладок вкус ја подобрува циркулацијата, и така го успорува настанувањето на борите. Истражувањето покажува дека секојдневниот внес од 10 грама од ова чоколадо ја менува структурата во различните слоеви на кожата, толку многу што може да подигне ефект на подмладување дури и за 10 години.

download

Чоколадата која се нарекува Еsthechoc, а го направиле стручнаци на Универзитетот Кембрич. Тие тврдат дека само една коцка од околу 7.5 грама, содржи толку антиоксиданси, колку и филе лосос од Алјаска, исто толку и полифенол.

Испитувањата траеле четири недели, а учесниците секој ден морале да изедат една коцка од Еsthechoc. Докажано е дека ова чоколадо кое содржи нешто повеќе какао од вообичаено,  ја подобрува циркулацијата и делува превентивно на процесот на настанувањето на борите.

,,Клиничките тестирања покажаа дека процесот на воспаление на кожата се намалува и тивко може да биде регенериран, рече еден од учесниците на оваа студија Д-р Џон Патаев. Во испитувањето биле вклучени луѓе на педесети и шеесеттите години, и по направеното испитувањето на кожата, биомаркерите укажале на фактот дека нивната кожа како да била вратена на ниво кога имале околу  20 -30 години. Односно се подобрила нивната физиологија на кожата а исто така и се забавил процесот на стареење. Сепак некои доктори во врска со ова прашање се големи скептици.

esthechoc

,, Сигурно е дека чоколадата содржи некои супстанции кои можат успешно да помогнат во борбата против болести и стареење, но не треба да се заборави дека конзумацијата на поголеми количини чоколадо може да доведи до зголемување на бројот на внесени калории, а со самото тоа и до дебелеење’’ предупредуваат лекарите на Универзитет во Глазгов.Поради тоа, истражувачите морале да ги потврдат нивните тврдења со дополнителни докази кои ќе им даде одговори на многу други прашања и проблеми”

esthechoc_--__w_760_

 

Во една кутија има доза потребна за три недели, додека пак една коцка чоколадо содржи 38 калории, и поради тоа може да ја консумираат и дијабетичари. Тие  ќе се пакуваат во луксузно пакување, секоја коцка ќе биде посебно пакувана. Чоколадото наскоро треба да се појави на пазарот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...