Почетна / Здравје и исхрана / Бреза – дрво кое лекува

Бреза – дрво кое лекува

Брезата (Betula pendula) е препознатлива по белата кора.Расте во сите делови на Европа и Азија па затоа е од голем значај во билната медицина.Отсекогаш била ценета во целиот свет, посебно кај Индијанците, Индијците и Сибирците. Во старите времиња светата Хилдегарда ги препорачувала цветовите на брезата против рани и чиреви кои бавно зацелувале.   Во 16.век италијанскиот доктор Маттиоли ја открил извонредната ефикасност на брезата против камењата во бубрегот, нарекувајќи ја ″стебло против бубрежните заболувања″.Брезите од Сибир познати се по тоа што на нив расте лековитата паразитската габа – чага.

Лековитоста на брезата         

Листовите и пупките на брезата содржат сапонини, танини, етерични масла, сахароза, бетулин, смоли, витамин Ц. Во катранот на брезата се наоѓа гвајакол и крезол – супстанци кои имаат лековито и антисептично делување, па често се користат против кожните заболувања.

Брезата е најмногу ценета како диуретик и се користи против камен во бубрезите и болките во бубрезите. Го поттикнува потењето и ги лекува болестите на бешиката. Листовите на брезата го намалуваат холестеролот, ја чисти крвта и делуваат против болестите на црниот дроб. Срцевите едеми предизвикани од ослабената циркулација, артериска хипертензија и атеросклероза исто така се лекуваат со помош на брезата.

Брезата се препорачува и во лекувањето на грипот, настинката и хроничното воспаление на синусите. Ја намалува температурата, главоболката и го зајакнува имунитетот. Чаевите од листот на брезата се одлични против високиот крвен притисок. Различните билни препарати од бреза ја подобруваат циркулацијата и ги разградуваат тромбовите. Се препорачува кај тромбофлебитисот, воспаление на кожата, воспаление на белите дробови, бронхитисот. Брезата се употребува и кај болестите предизвикани од радијација. Чаевите од листовите и од пупките успешно го подмладуваат ткивото и го забрзуваат зацелувањето без лузни дури и длабоките рани. Брезата исто така ја подобрува концентрацијата и ја изострува, го зајакнува вниманието и го зајакнува организмот.

Производите од бреза          

Производите од брезата можат да се користат локално и орално. Во лекувањето се користат производите од листовите на брезата, пупките, кората и сокот, а значајни се и нејзината смола и јаглен.   Најдобро е да се собираат во пролет кога лековитите супстанци се најактивни. Берете ги најкрупните пупки и најмеките листови. За да го соберете сокот, во пролет исечете една гранка. Доколку е доволно голема може да даде четири до пет литри.Кората вадете ја така да се природно одвојува, во кружните траки.

Листовите на брезата     

Листовите на брезата имаат силно диуретско делување. Сувите се користат како чај за болестите кои настануваат поради вишокот на водата, а младите листови можат да се користат за салата.

Сок и вино од бреза      

Имаат моќно антиоксидатвно и диуретично делување, помагаат кај атеросклерозата, дебелината, циститис, едеми, камења во бубрезите и другите бубрежни заболувања. Препорачана дневна доза е една лажица.

Бреза во службата на убавината            

Брезата поради способноста да ја чисти крвта помага кај сите видови на кожни заболувања: акни, митесери, дерматитис, егземи кои одолеваат на сите други третмани.    Во козметиката се применува како тоник за чистење на лицето и против сончевите  флеки.     Сокот од брезата можете да го користете за масирање на темето на главата кај опаѓањето на косата, различните болести на косата и за отстранување на првут.   Маслото и гелот на брезата во комбинација со незиниот чај најделотворен е третман против целулит.

Брезата од организмот ја отстранува вишокот на водата, токсините и мочната киселина. Тоа предизвикува отстранување на целулит и слабеење и ја затегнува кожата и ткивата. Но, тука лековитоста на брезата не застанува. За оние кои не се запознаени, според руските стручњаци, таа дава позитивна енергија.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...