Почетна / Активен живот / БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ – ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА ПРОСТУВАЊЕ

БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ – ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА ПРОСТУВАЊЕ

Божик е секако идеална прилика целото семејство да се собере околу новогодишната елка, празничната трпеза и да се поделат меѓу себе најубавите минатогодишни моменти, како и да се пожелат желби и очекувања за престојаната година. Меѓутоа, на голема жалост, се случува да многу од семејствата овој ден и не го очекуваат со големо восхитување имајќи ги во предвид средбите со членовите од семејството кон кои од одредени причини и не сме пријателски настроени. Тензиите и очекувањата да се заврши денот може лесно да се пренесе и на останатите кои се присутни. Нели е штета Божикните празници да останат во лошо сеќавање? Празниците се идеално време да се простат туѓите грешки, да се признаат своите, празниците се вистинско време да ја споделите радоста и љубовта со своите најблиски.

Генерациски јаз 

На самиот спомен на караниците од минатото некого можете и тоа како да го вознемирите и да му го упропастите славењето. Иако не е пријатна појава, тензиите во текот на Божик дури и во кругот на оние кои ни се најблиски нешто е што психолозите го објаснуваат како сосема нормална појава. Тоа е прилика кога на едно место се сретнуваат неколку генерации: домаќинот на домот е во исто време дете на неговиот веќе присутен татко и татко на неговите деца. Значи три генерации минимум.

Направете прв чекор    

За да Божик Ви остане во убаво сеќавање и како би ги поправиле до сега и не толку пофалните односи со одредени членови од семејството, време е да простете и да побарате да Ви биде простено. Звучи помалку тешко да се премине преку Вашата суета, преку Вашите принципи, но не сте ни свесни колкаво олеснување ќе Ви биде и со колкава радост ќе Ве исполни тој чекор доколку се одлучите да го направите.

Неколку дена пред ова големо собирање направете список на работи кои Ви сметаат кај членовите на семејството со кои имате проблеми. Набљудувајте ги секој од нив, а потоа размислете што се би можело да Ви донесе нормален, мирен разговор со таа иста личност, здрав, отворен однос во кој би можеле најискрено да и замерите реалните недостатоци, а да при тоа не ја навредите и да се поради тоа не скарате. Замислете само како би било поубаво кога тие семејни собирања ги исчекувате цела година, отколку недела дена пред Божиќ да поминете размислувајќи како да ги преживеете тие празнични денови.

Ако сега Ви звучи помалку лудо, можеби најдобро би било да ја повикате таа личност неколку дена пред Божиќ, поразговарајте со неа отворено и признајте и сите Ваши грешки, односно на мирен начин соопштите и што Ви смета во незиното однесување кон Вас. Се чини дека тврдоглавите личности не можат да постигнат ништо од ова со ваков разговор, но и оние со тврда глава имаат срце и сигурно е дека знаат да ја ценат Вашата добра волја и тоа што Ви значи да ги смирите односите.

Покажете малку љубов, разбирање и добра волја и препуштете и се на божиќната магија да го направи своето! Среќни празници!

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...