Почетна / Здравје и исхрана / Боза – здрава и вкусна напивка!

Боза – здрава и вкусна напивка!

Традиционалната ориентална напивка боза се пие и во летниот и во зимскиот зимскиот период затоа што е позната по тоа да дава енергија и богата е со витамини Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12. Напивката делува како антисептик, богата е со корисни бактерии и добра е за здравјето на спортистите, бремените жени, доилки, го редуцира стресот …

Во незиниот состав се наоѓа пченица, ориз или пченка, во зависност од тоа во кое поднебје се прави. Бозата која Турците ја прават од пченкарниот гриз, датира уште од 6. век пред нашата ера. Турците ја користат како напивка и како храна од како се имаат доселено од Централната Азија и со текот на време станала задолжителен дел на нивната култура и историја. Бозата не е тешко да се направи, па можете да се обидете да ја направите.

Потребно Ви е половина килограм пченкарно брашно кое ќе го ставите во пет литри вода и оставете да поседи 10 часа или цела ноќ.
Потоа тенџерето со брашно и вода ставете го на тивок оган и оставете го да се вари три часа, па потоа тргнете го тенџерето од ринглата за да може течноста да се олади. Во меѓувреме ставете 20 грама квасец во млака вода да се стопи, а потоа ставете го во свареното и оладеното пченкарно брашно. Се добро измешајте и оставете да поседи уште десет часа.  Потоа низ густа газа се цеди бозата, се додава половина килограм шеќер и турајте ја бозата во шишињата. И ова е целата мудрост која е стара 150 години колку е стар и овој рецепт.

Бозата се спомнува во историските текстови, а незиното златно доба било во времето на владеењето на Отоманското царство. До 16. век бозата ја имаат консумирано сите оние кои тоа го сакале, додека некои љубителите на алкохолот ја смислиле алкохолната ″тартар боза″, па султанот Селим Втори ( 1566 – 1574 ) морал да воведе прохибиција.

Во 17. Век султанот Мехмед Четврти заминал чекор понатаму и ги забранил сите алкохолни пијалаци, а бидејќи во таа категорија се има најдено и бозата, ги затворил сите дуќани каде што се продавала. Турскиот патописец Евлија Челебија сведочел во неговите записи дека бозата во тоа време се консумирала премногу и дека во Истанбул постоело 300 дуќани каде што се продавала боза и каде што работеле околу илјадници луѓе. Јаничарите во турската војска посебно ја сакале бозата. Секој се потрудил бозата да добие нешто свое, во Албанија тоа е пченично прашно, како и во Крим, во Киргизија бозата се прави од згмечена пченица, а во Туркменија од грубо искршен ориз.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...