Почетна / Совети за здравје / Боз – лек од природата

Боз – лек од природата

Со својата миризба и обликот на цветовите, бозот (Cambucus nigra) не го остава скоро никој рамнодушен. Расти во шумите, во близина на населбите во шумските ливади. Лековити се сите негови делови, па стручњаците советуваат да барем повремено испиете сок или чај од боз. Младите листови се берат во пролет, цветовите за време на цветењето во мај и јуни, плодовите после созревањето, а кората од февруари до ноември. Вкусот на цветовите е горчлив и ароматичен поради специфичните состојки кои ги содржи.

Бозот содржи етерското масло каде што се наоѓаат дури четириесет важни состојки – флавоноиди, гликозиди, хлорогенска киселина, слузта, танините, пектините … Во плодот се присутни гликозиди, танини, шеќер, овошни киселини, витамин Ц, малку етерско масло… Со сличен состав се и листовите, додека сите делови се богати со минерали, железо, натриум, калиум

Цветовите на бозот се користат кај грозница, ја стимулира работата на потните жлезди, каде во комбинација со липа посебно е ефикасен во намалување на температурата. Во комбинација со кантарион се користи  против вирусот на грип, хепатитис А и Б, како и против херпес симплекс вирус. Од цветовите на бозот се подготвуваат здрави и вкусни чаеви и сокови. Од друга страна, плодот на ова билка преставува извонреден лаксатив и средство за зголемено мокрење, но и ефикасен е и против невралгија и ишијас.

Свежите плодови се употребуваат за пролетно чистење на организмот. Суровите плодови имаат непријатен вкус, додека подготвени како компот се вкусни. Плодовите на бозот имаат најголем процент на витамин Б, кој е важен за зајакнување на нервите. Во исто време, богати се и со витамин Ц, кој е важен во војната против настинка, стрес и за зајакнување на имунитетот. Важниот минерал селен, кој во природата го има малку, во бозот е застапен во поголеми количества и игра значајна улога во засилувањето на отпорноста на организмот.

Овие биоактивни супстанци се наоѓаат во темната боја на плодот и се корисни за дишните патишта. Ја раствораат слузта, ја намалуваат болката и ја подобруваат способноста на филтрирање на бронхиите. Страствените пушачи би требало посебно ова да го запомнат, истакнуваат стручњаците, и поради кашлањето да пијат сок од боз. Бојата на бозот му ја дава групата на антоцијани кои инаку ги намалуваат ревматските тегоби. Сокот од свежите бобинки се користи во зајакнување на организмот, чистење на крвта, смирување на стомачните грчеви, како и за апетит..

Чајот од лисјата на бозот го подобруваат излачувањето на урината, насобраните течности во организмот, го чисти организмот од токсините и го подобрува квалитетот на крвта.
Чај од цветовите е делотворен во лекувањето на настинката, бронхитисот, кашлањето, грипот, почетното воспаление на белите дробови, тешкото дишење, астмата и кај сите ревматски заболувања.
Чајот од корите на гранките ги намалуваат тешкотиите при мокрењето, ги отстрануваат пречките во работењето на бубрезите и бешиката, а помага и кај запекот. Со кората не треба да се претерува, што значи дека за шолја чај треба да се земе рамна лажица од боз. Поред тоа, во текот на денот може да се испие една најмногу две шолји чај. И тоа голтка по голтка, во поголеми временски интервали.

Во кората и листот има сапонини, танини и холини, но и пургативна смола и алкалоид самбунигрин. Затоа кората најпрво е со благ, а потоа со горчлив вкус.

″ИНФУЗИЈА″ ОД БОЗ.      
За лекување на бронхитисот, рубеолата, ревматизмот и болките во коските, посебно се препорачува инфузија од боз. Се подготвува така што една лажица цветови се става во 250 милилитри жешка вода да поседи три минути. Потоа се пијат три шолји од ова напивка и тоа секогаш после јадењето. Можете да додадете и мед.

РАСТВОР          
За инфекција на очите и воспаление на носната слузница кај кивањето се препорачува раствор направен од цветовите на боз. Растворот се подготвува така што 50 грама цветови се варат три минути во литар вода, а потоа се остава да поседи десетина минути. После тоа растворот се процедува и со него се плакнат очите и носот повеќе пати во текот на денот.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...