Босилок

Босилокот е позната и ценета лековита и зачинска билка. Се смета како света билка, бидејќи неговиот мирис ја лекува душата и телото.

Во Античката Грција го викале кралот на билките и само владетелите можеа со рака да го берат. Според некои стари записи, во средна Европа го донесоа монасите во 12, век. За босилок е потребно почва богата со хумус, како и сончеви и од ветер заштитени места. Билка е посебно осетлива на ниски температури, а не поднесува ниту ниски температури и пречесто заливање со ладна вода.

Најважен зачин во кујната – со неговиот пријатен и ароматичен мирис босилокот е сам по себе посебен, па се голем број на готвачи согласуваат во тоа да штом ќе се мирисне, добиваат идеа за подготовка на некој специјалитет. Модерната кујна е незамислива без босилок како еден од зачините. Било да се додава на мрсни и јаки јадења или со храна со домат, каде што посебно се истакнува неговата ароматичност, тој е незаобиколен додаток кој дава посебна нота на јадењата. Босилокот извонредно се надополнува со вкусот на бел лук, мајчина душичка, лимон и домат, а со оглед на тоа дека помага кај надуеноста на стомакот, со босилокот е добро да се зачинат јадењата со мешунки.

Лековитиот дел на билката – за лек се употребува цела билка сосе семките. Босилокот се користи за смирување, против грчеви во желудникот, лекувањето на астма и воспаление на бубрезите. Се употребува и за подобрување на апетитот и против несоница. Најчесто се применува во облик на чај. Освен во храна и медицина, босилокот често се користи и во козметиката, и во изработката на ароматични масла, сапуни и парфеми.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...