Почетна / Рецепти / Босилек, блитва, пилешко: Состојки кои со тестенините стануваат совршен оброк

Босилек, блитва, пилешко: Состојки кои со тестенините стануваат совршен оброк

Тестенините ќе ви бидат основа за најбрзи оброци. Пробајте ги овие комбинации на вкусови.

 

САЛАТА ОД МАКАРОНИ И ПИЛЕШКО

Потребно:
300гр пилешко, 150гр моркови, 150гр грашок, 150 гр пченка, 100 гр горгонзола, 150 гр шарени макарони, 1лажица сенф, 400 мл кисела павлака, малку сол.

Подготовка:
Свареното пилешко месо исечкајте го на коцки. Морковот исто така па заедно со грашокот подварете го во благо посолена вода. Потоа додадете го зеленчукот исцеден и изладен, пченката, насечканата горгонзола и сварените тестенини. Додајте малку сенф, павлака и сол. Све измешајте и прелијте врз салатата од пилешко со макарони.

 

ТЕСТЕНИНИ СО БОСИЛЕК 

Потребно:
500гр тестенини, 50 гр путер, листови босилек, лук, сол.

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и додајте малку путер или зејтин. Босилекот исечкајте го и додадете го. Лукот истолчете го.Све посолете и измешајте. Со тестенини зачинети со босилек одлично оди ладно бело вино. Па ви препорачуваме да пробате.

 

ФУСИЛИ СО БЛИТВА И ТУНА 

Потребно:
450гр тестенини, 2 моркови, 2 киски блитва, 100 гр туна, кромид, 1 киска магдонос, сол, маслиново масло.

Подготовка:

Сварете ги тестенините, морковот и блитвата. Кога ќе се изладат исечкајте ги на коцки, а блитвата на траки. Во тава загрејте маслиново масло, па додајте го кромидот и свежата туна. Посолете и измешајте. Додајте го сечканиот магдонос, блитва, лук и морков.

 

САЛАТА ОД МАКАРОНИ И ПЕЧУРКИ

Потребно:
150гр шампињони, 250 гр макарони, 1 главица кромид, 1 помал праз, 1 црвена пиперка, сув зачин, ким, масло, сол, бибер

Подготовка:
Зеленчукот ситно исечкајте го и прпржете го во врело масло. Додајте ги шампињоните исечени на ливчиња, сол, бибер, ким, ситно исечена пиперка и праз на тркалца сечкан. Прелијте све со малку вода, поклопете и оставете така да вари на тивок оган со повремено мешање и динстање. Смесата од зеленчук и печурки после динстањето нека остане во во сопствениот сок. На крај во истата смеса додајте ги варените макарони и послужете.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...