Почетна / Диети / Боранија, идеален продукт за дијабетичари

Боранија, идеален продукт за дијабетичари

Покрај тоа што го регулира нивото на шеќерот во крвта, овој зеченчук исто така ги чува видот и здравјето на коските.

Освен што содржи моќни антиоксиданси како што се витамин Ц и бета-каротин, во составот на боранијата влегува и манган, кој е важен за разни хемиски процеси во организмот, вклучувајќи разложување на холестеролот, јаглените хидрати, протеини, а вклучен е и во процесот на формирање и зајакнување на коските. Овој зеленчук исто така содржи разни видови каротиноиди – лутеин, виолаксантин и неоксантин, како и флавоноиди кверцетин, катехин, епикатехин и процијанидин, кои имаат антиоксидативни својства.

Благодарение на овие нутриенти, боранијата поседува единствени противвоспалителни својства, превенција од дијабетес тип 2, заболување проследено со хронични воспалителни процеси во организмот. Оваа мешунка содржи и хлорофил, кој заедно со антиоксидативните нутриенти е превенција од канцер. Имено, хлорофилот може да го блокира канцерогеното влијание на хетероцикличните амини, кои настануваат при печењето на месото на високи температура и се активираат малигните клетки.

Поради големото количество калиум, боранијата е позната како добар диуретик и регулатор на крвниот притисок, па дејствува благотворно на кардиоваскуларниот притисок и го поттикнува исфрлањето на штетните материи од организмот. Треба почесто да се јаде сурова или само кратко варена, бидејќи високите температури ги уништуваат хранливите материи, особено витамините што се неопходни за вршење на важните функции на организмот.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...