Почетна / Диети / Бомбици со кокос и бадеми – вкусен диетален десерт

Бомбици со кокос и бадеми – вкусен диетален десерт

Дали чуствувате грижа на совест секој пат кога пробувате нешто благо?
Доколку сте љубители да си каснете нешто благо секогаш постојат поздрави верзии на вашиот омилен десерт, што во основа би вклучило поздрави намирници, помалку шеќер и секако одличен вкус.

Потребни состојки:
– 50 грама мелени бадеми;
– 200 грама кокос;
– 1 лажица јаворов сируп;
– 1 лажица сок од портокал
– 200 грама мелени печени кикиритки;
– до 5 урми ситно исецкани или измелени;
– 1 лажица какао;
– трошки од изрендано темно чоколадо за декорација (по избор);

Подготовка:

Бадемите, кокосот, урмите, кикиритките и какаото се мешаат во пластичен сад.
Додајте на содржината лажица сок од портокал (доколку е премногу сува содржината може дополнително уште две до три лажици сок од исцеден портокал да додадете). Додадете ги урмите и измешајте ја повторно содржината. Додадете јаворов сируп. Доколку смесата е сува додадете уште малку исцеден сок од портокал.
Од содржината формирајте бомбици и испрпелајте ги во содржината од меленото чоколадо.
Иако е здрав рецептот е калоричен, но заситуваат две-до три колачиња.

Колачињата можете да ги чувате во пластичен сад со поклопец во фридижер за одржување, вака зачувани можат да траат околу една недела без да го изгубат убавиот вкус.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...