Почетна / Совети за здравје / БЛАГОТВОРНАТА МОЌ НА МОРСКАТА ВОДА

БЛАГОТВОРНАТА МОЌ НА МОРСКАТА ВОДА

Оној кој не живее покрај обала, настојува барем еднаш годишно да замине на море, затоа што знае дека по летувањето на море ќе се чувствува поздраво и подобро расположено. Подобрена благосостојба не е само последица од одмор и сончање, туку и поради допирот со морската вода, дури доколку само се шетаме покрај морето.

Уште во старите времиња грчкиот доктор Хипократ, филозофот Платон и арапскиот доктор Авицена го сватиле поволното влијание на морската вода врз здравјето. Таткото на медицината Хипократ утврдил дека морската вода има лековит ефект врз кожата, затоа што ја намалува опасноста од воспалението и ги намалува болките. Грци и Римјани граделе термални купки на обалите на Средоземјето и Атлантикот, а грчкиот драматург Еурипид во петиот век пред Христ напишал ʺМорето ги лекува сите човечки болести.ʺ

Терапевските делувања се огледаат на неколку начини. Приморската клима не делува само превентивно, туку и лековито, затоа што ги потикнува одбрамбените сили на организмот по исцрпувачките болести или стресен период. Морето е богато со минерали и живи организми. Прошетка покрај морето е добра за белите дробови затоа што овозможува вдишување на микрочестички од морската вода. Овие честички во себе ги содржат негативните јони и хемиските елементи кои се битни за метаболизам. Доколку се дружиме со морето во текот на летото, здравјето ќе ни биде уште подобро, затоа што делувањето на морската вода е придружено и со благотворната активност на сончевата светлина.

Со помош на море да се ослободиме од стрес

Летување на море ни дава прилика да го заборавиме сокојдневието и проблемите и ни овозможува да се опуштиме. Магнезиум кој го има во морската вода и се наога во големо количество, докажано делува во војната против срес. Докторите сметаат дека стресот може да делува негативно врз нашето здравје и да предизвика многубројни заболувања. Поради тоа искористете го годишниот одмор за да се ослободите од Вашиот најголем непријател.

Морето е идеално за спортски активности

Пливање, нуркање, сурфување, морски аеробик, одбојка на плажа… Летување на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на Вашето тело. Спорт и здравје се тесно поврзани, поточно без спорт нема добро здравје. Затоа запливајте во морето и уживајте во спортските активност, сонцето и летото!

Проверете и

8 работи за водата кои сигурно не ги знаевте

Во лажичка вода има толку молекули колку што има лажички вода во Атлантикот. Атлантскиот океан ...