Почетна / Совети за здравје / Благотворна шолја чај

Благотворна шолја чај

Освен што се вкусна и топла напивка, чаевите од различни билки се и многу лековити. Кај нас најмногу се користат неколку билки од кои најчесто се приготвува чај. Освен што може да се најдат во сите можни продавници и аптеки, речиси сите може да се наберат на околните ридови и планини. Всушност, природата е извор на здравјето и сите ние треба да и се вратиме.

Чај од шипка – шипката е богат извор на витамин Ц, па чај од шипка го зајакнува имунитетот, ја поттикнува природната одбрана на организмот и зајакнува отпорност на организмот на голем број на болести. Во зимските месеци делува превентивно во борбата против грипот и ја олеснува настинката и грипата. Поради овошната киселина во свој состав, чај од шипка делува и на регулирањето на пробавата. Исто така се користи превентивно, но и за чистење на веќе настанатиот талог и камен во бубрезите и бешиката.

Чај од липа – го поттикнува потењето, па се употребува кај покачена температура. Може да се користи кај грипата, настинка и кијавицата, му помогнува кај надразнетата и оштетена слузокожа, па се користи кај воспаление на грлото и за намалување на кашлицата. Чај од липа е добар за намалување на грчевите, но и са смирување на нервите и несоница. Го закрепнува организмот кој е под влијание на психичките напори. Ако го консумирате чајот од липа, потребно е одредено внимание бидејќи не смее да се пие во преголеми количества затоа што може да предизвика срцеви проблеми.

Чај од камилица – камилица е лек за се! Го подобрува варењето, ја намалува температурата, ја намалува болката, ги смирува грчевите, го намалува осипот, помага кај секоја болка во стомакот … Камилицата може да се користи во облик на тинктура, чај, прашок, етарско масло и облог. Доколку имате проблеми со кожата или сакате поубава и негувана кожа, доволно е еднаш неделно да го миете лицето со чај од камилица. Камилицата е многу добар лек за смирување. Редовно пијте го чајот и ќе почувствувате промена. Имате проблеми со опаѓање на косата, за перење на коса користете чај од камилица ( четири лажици камилица ставете во вода која врие, по десетина минути исцедете го чајот и почекајте да се олади ). Сакате ли моментална релаксација и опуштање обидете се со купка од камилица. За ова купка потребни ви полна рака чај од камилица истурете во жешка вода и оставете на кратко да поседи. Потоа исцедете ги чајот и додадете го во водата во кадата. Камилица помага и за отстранување менструални тегоби.

Чај од брусница – брусницата е антисептик, а најчесто се користи во лечењето мочните органи. Чај е корисен и кај воспалението на бубрезите. Чај од брусница позитивно делува кај луѓе кои имаат гихт или реума. Чај од шумско овошје – овој чај е комбинација на лековитите билки и овошје. Таквите комбинација го прават чајот од шумското овошје да биди со извонреден вкус, а во исто време е корисен и за здравјето. Како и овошјето и зеленчукот, чајот од шумското овошје е природен извор на флавоните, кои ги движат антиоксидансите во телото. Бидејќи овие чаеви најмногу содржат шипка, богат е со витаминот Ц.

Чај од мајчина душичка – мајчина душичка помага кај болестите на дишните патишта, го зајакнува желудникот и нервите. Чај од мајчина душичка делува антибактериски и ги намалува грчевите. Се користи кај цревните тегоби и кај болестите на желудникот. Чај од мајчина душичка може да се пие за да се регулираат нередовните менструални циклуси, а подготвен во облик на купка или облог, се користи за лекување на различните кожни заболувања, но и кај нервните заболувања.

Чај од нане – освен тоа што има пријатен мирис и вкус на пеперминт, чајот од нане има и многу лековити својства. Многу е ефикасен во третманот на настинки, а помага при проблеми со варење на храната и ги смирува желудникот и цревата. Нането многу позитивно влијае врз нервниот систем поради што се препорачува за нервозни и вознемирени луѓе.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...