Почетна / Фитнес и аеробик / Благотворен ефект на вежбањето врз психичкото и емоционалното здравје

Благотворен ефект на вежбањето врз психичкото и емоционалното здравје

Нема ништо лошо во тоа што сакате да изгледате најдобро што можете и тоа Ви е можеби единствена причина поради која вежбате.

Но треба да знаете дека вежбите исто така донесуваат бројни предности за Вашето психичко и емоционално здравје.

ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕ

Брзата прошетка е лек за расположението. Прошетката брзо ќе го потикне ослободувањето на хемиските споеви кои го намалуваат стресот и анксиозноста, Ве прави да се чувствувате посреќно и релаксирано. Истражувањата покажуваат дека личностите кои секојдневно вежбаат, многу подобро се справуваат со стресот.

ГО ПОДОБРУВА СОНОТ

Со најновите истражувања на американските научници откриено е дека дури 67% луѓе, кои секојдневно вежбаат, имаат квалитетен сон. Исто така откриено е дека не е важно дали вежбате наутро, попладне или во доцните вечерни часови.

ПОДОБРУВА ПОМНЕЊЕ

Доколку Ве чека испит или важна презентација на работа, издвојте малку време за вежбање. Личностите кои редовно вежбаат покажуваат подобри резултати на тестовите за помнење. Научниците веруваат дека е тоа затоа што вежбањето ја подобрува циркулацијата на кислородот и хранливите материи до мозокот, а мозочните клетки тогаш почнуваат многу подобро меѓусебно да комуницираат.

ПОДОБРУВА КРЕАТИВНОСТ

Истражувањата покажаат дека личностите кои редовно вежбаат, побрзо остваруваат нови идеи и осмислуваат креативни и едноставни решенија за проблемите. Вежбањето ќе го намали нивото на стресот и ќе ја разбуди Вашата креативност.

ЗГОЛЕМУВА НИВО НА ЕНЕРГИЈА

2-3 пати умерено вежбање неделно е сосема доволно да нивото на енергија се зголеми за 20% и го намалувате ризикот од настанување на хроничен умор за 65%. Најефикасните вежби за зголемување на нивото на енергија се аеробни вежби затоа што го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат ослободување на допамин, единение поради кој се чувствувате уморно.

ЗГОЛЕМУВА САМОДОВЕРБА

Докажано е дека физичката активност значајно ја зголемува самодовербата. Научниците веруваат дека е вистинска причина, сознанието дека на Вашето тело му правете нешто добро и постигнувате постојан напредок во издржливоста. Самодовербата, секако, го зголемува и резултатот кој го забележувате на Вашето тело.

СПРЕЧУВА НАСТАНУВАЊЕ НА ДЕПРЕСИЈА

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно вежбаат, имаат помал ризик од настанување на депресија. Исто така е докажано дека луѓето кои патат од депресија, симптомите на депресија можат да ги намалат со редовното вежбање. Редовното вежбање ќе го подобри делувањето на антидепресивите и ќе ги намали некои нуспојави при консумирањето на антидепресиви.

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...