Почетна / Совети за здравје / БЛАГОДЕТИТЕ НА ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ!

БЛАГОДЕТИТЕ НА ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ!

Еден од основните принципи на правилната и здрава исхрана е секојдневната консумација на житарки. Употреба на целите житарки во исхраната, поред тоа што му дава енергија на организмот, ги подмачкува зглобовите, ги отстранува токсините и помагаат во детоксикацијата.

Откако го заменил интегралното брашно со бело брашно, модерниот човек направил само една во низата на грешки во создавањето на подлога за развој на голем број на заболувања. Иако белото брашно повеќе се користи за подготовка на фините печива и колачи, мораме да бидеме свесни дека белото брашно содржи само скроб и дека е сиромашно со хранливи состојки кои ги има премногу во целото зрно на житарки. Интегралните житарки преставуваат спој на семето и плодот и вистинска се ризница на материи кои се неопходни за здрав и долг живот.

povekje-slika

Нутритивните вредности на интегралните житарки се неспоредливо поголеми од белите житарки, од кои е отстрането практично се што е вредно, со оглед на тоа да се во опната на зрното наоѓаат сите хранливи материи неопходни за развој, раст и одржување на организмот. Содржината на јаглените хидрати во целото зрно преминува 70% белковини од 10 до 17% маснотии, од 1,5 до 10% витамини и минерали до 2%, а висока е и концентрација на целулозните влакна и амино киселини.

Најголем број на влакната се наоѓаат во лушпата и тие го регулираат метаболизмот на мастите и шеќерот и ја ограничуваат апсорпцијата на шеќерите кои ги консумираме преку храната. Во лушпите се наоѓа витамин Б1, Б6, витамин Е, магнезиум, железо, калиум, фосфор, натриум, сумпор и манган, цинк и јод.

Никулецот кој исто така се отстранува при рафинирањето содржи голем број на антиоксиданси кои не штитат од оштетувањето на клетките поради влијанието на отровите од надворешната средина. Употребата на никулците долга е пет милениуми, а лекувањето на различните здравствени тегоби, поврзани со делувањето на слободните радикали. Никулците имаат помалку калории од семките но се побогати со протеини, витамини, посебно со витамин Ц и минерали. Доколку ги купувате одвоено од семките, односно како посебна намирница обратете големо внимание да бидат свежи.

Поради сето ова обичните житарки би требало да се заменат со интегрални житарки, а во продолжение прочитајте кои се нивни лековити својства:

Жито

Интегралното зрно на житото има извонредна прехранбена вредност. Житото содржи сите состојки кои се потреби на човечкиот организам, еден е од најдобрите извори на примарните белковини, содржи фосфор, магнезиум, калциум , железо, витамин А, витамините од Б комплексот, Е, Д и К во големи количества. Го зајакнува имунитетот, го подобрува растот и развојот на организмот, ја регулира опстипацијата, ги лекува алергиите, воспаление на кожата и грлото и ги спречува срцевите заболувања. Ги поседува антиканцерогени својства и може да го спречи развојот на ракот на дојката бидејќи го забрзува метаболизмот на естрогенот.

Јачмен

Јачменот посебно се одликува со своите лековити својства. Научниците утврдиле дека ова житарка содржи 35% незаситени масни киселини кои го намалуваат холестеролот во крвта. Богат е со минерали и витамини од Б комплексот. Го намалуваат холестеролот и триглицеридите, го зајакнува и подмладува организмот, го поттикнува лачењето на соковите во желудникот, ја намалува гојазноста и смирувачки делува на нервниот систем.

Зоб

Зрното на овес или зоб е најдобар извор на калциум, кој заедно со други минерали придонесува за здравјето на забите и коските. Содржи најмногу масни киселини, богат е со влакна кои влијаат на намалувањето на холестеролот во крвта и подобрување на опстипацијата.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...