Почетна / Рецепти / „Бимилк пита од праска“

„Бимилк пита од праска“

Летото е сезона на праските, па изненадете ги вашите најмили со парче „Бимилк пита од праска“ која одлично се сложува со шолја Битолско млеко. 
Состојки:
• 3 средно големи праски
• 1 лажичка цимет
• 1 и 1/ 2 шолји шеќер
• 1/ 2 шолја масло
• 1 шолја шеќер
• 1 и 1/ 2 шолји брашно
• 2 лажички прашок за пециво
• 1/ 2 лажичка сол
• 1 шолја Битолско свежо млеко
• 2 шолји врела вода
• 3 лажици путер
Инструкции:
1. Загрејте ја рерната на 175°С. Премачкајте ја тавата за печење со путер.
2. Измешајте ги праските (излупени и исечени) со цимет и 1 и 1/ 2 шолја шеќер.
3. Во друг сад измешајте 1 шолја шеќер со масло, па додадете го брашното, прашокот за пециво, солта и Битолското млеко. Ставете дел од тестото во премачканата тава за печење. Потоа распоредете ја врз него смесата со праски, па затворете со остатокот од тестото. Во зовриената вода измешајте го путерот и прелијте ја питата.
4. Печете 40 до 45 минути, додека питата не добие светло кафеава боја.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...