Почетна / Здравје и исхрана / БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО ДРЕН !

БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО ДРЕН !

Дренот помага во лекувањето на грлото, малокрвноста, сипаниците, болеста на бубрезите, дијарејата, хемороидите, дијабетесот, при зацелување на раните… Секој негов дел е лековит.      

Здрав како дрен, се кажува за личноста која нема никакви здравствени проблеми. Кај нас добро е познат значајот на билката дрен (Corpus mas), , позната е уште од античките времиња. Расте секаде, најмногу на суви, сончани и карпести страни на листопадните шуми. Цвета во февруари и март, а созрева од јули до октомври. Плодовите се темно црвени, а вкусот им е кисел и благ.

Содржат големо количество на природни шеќери, органски киселини, пектини, танини и извонредно многу витамин Ц. Во дренките има дупло повеќе аскорбинска киселина отколку во портокалот. Плодовите можат да се јадат и во свежа состојба, можат да се замрзнат, сушат или преработат во мармелад, компот, овошен сок. Меѓутоа иако се знае дека ова шумското овошје е вкусно, хранливо и здраво, не се користи доволно.

Во Француска и Италија од дренките се прави вино и желе, а недозреаните плодови се конзервираат во солена вода како маслинките. Во Германија се варат со шеќер и оцет, се додаваат на јадењата од тесто и компири. Во Русија се прават вкусни супи и се користат како зачин за специјалитети од месо и риба. Овие народи се вистински почитувачи на традиционалната медицина и добро ги знаат лековитите својства на дренот.

Руските научници востановиле дека дренките, кората на стеблото и листовите поседуваат анти микробиолошко својство. Сокот, мармеладот, чајот и другите производи од зрелите дренки помагаат кај дијарејата и другите заболувања на органите за варење. Доколку при пореметувањето на работата на цревата и дијареја се јавува и грозница, се препорачува чај од кората на ова билка.

Сок од дренки     

 

За подготовка на овој сок потребно е 4,5 литри вода, два килограми зрели дренки и килограм шеќер. Дренките се мијат, сечкаат и се додаваат во три литри зовриена вода. Се варат 20 минути, потоа се тргнуваат од ринглата, се оставаат да се оладат и на крај се пасираат. Ова смеса во  преса или газа се прелива со останатата вода, се враќа на ринглата и се вари уште 15 минути. Постапката со ладењето и пасирањето се повторува. Потоа се се меша, се додава шеќер и на ниска температура уз постојано мешање, се чека шеќерот да се стопи. Дури тогаш температурата се зголемува и сокот се вари уште 10 минути. Сокот се турва во измиени и жешки шишиња, кои потоа херметички се затвараат. Кога еднаш шишето ќе се отвори, би требало да се чува во фрижидер. Поради јаката концентрација се разблажува со обична или кисела вода.

Мармелад од дренки   

Се прави секогаш во иста размера – на килограм пасирани дренки иде килограм шеќер. Зрелите плодови прво се мијат, се чистат од семки, се прелеваат со жешка вода и се оставаат да поседат пет минути. Потоа се вадат од водата, се пасираат, се ставаат во тенџере и им се додава шеќер. Содржината се вари три часа на умерената температура со постојано мешање. Завршено е кога смесата ќе се згусни. Жешкиот мармелад се турва во чисти и топли тегли, кои отворени се ставаат во рерна која е загреана на 100 степени, да поседат 15 минути. Откако ќе се извадат, се става целофан или херметички капак и се ставаат на суво место.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...